АФОРИЗМИ XVIII, 901-920

Потребно време за читање: 2 минути

901. Веќе никогаш со него, крај него и за него. Го потроши своето време.

902. Гасне една љубов во спомени.

903. Заживува дело по смртта на неговиот творец? Жално и трагично.

904. Живо ме интересира како Америка во Македонска република помага во заедничката борба со Владата на ДУИ и СДСМ против корумпираните ДУИ и СДСМ!

905. Џабе везеш кога везот не ти вреди!

906. Пред вратата на американската амбасада на Калето во Скопје се изнаредиле македонски властодршци, политички главатари и властољупци. Чекаат да бидат примени на сослушување.

907. Од мене до некои FB пријатели:
Ако сум ви здодеал со моите статуси и книжевни дела на Интернет, многу лесно можете да ме „откачите“. Има „копче“ за тоа.

908. Уништена држава ќе „воскреснуваат“ уништувачи?!

909. За жал, во Македонска република веќе не е можна никаква чистка и нов почеток без силна и конкретна поддршка од „меѓународниот фактор“.

910. Новото кроење на светот ќе го договорат или извојуваат големите сили. Како сите досегашни кроења во историјата на човештвото. Тоа е единствена надеж за враќање на одземени, присвоени и окупирани територии на мали земји.

911. За сите „главни“ и „водечки“ во Северџганијава се знае сè. Од нив не зависи до кога ќе бидат што се и кај што се, ниту кога ќе ги изеде мрачнина.

912. Овде владеат простаклакот, слуганството, недоветноста и глупавштината. Не умот и разумот.

913. Ако љубиш, љуби докрај со срце и душа.

914. Не е времево за сè ова што го прави и ни го прави власта. Одамна е потрошено.

915. Преку глава од скандали. Особено од најголемиот-соработката на „меѓународниот фактор“ со оваа негова мафијашка, платеничка и слугинска власт.

916. Многупати е докажано дека најголем проблем на нова народна власт по поразување на ненародна се малите затворски капацитети.

917. Стар бел дедо громко:
Паметни и чесни СДСМ-овци,
Зарем ни најмалку не се срамите од предводниците на вашата партија? До толку сте поткупени и уценети од нив, што дури им коленичите?

918. Се надевам дека скоро ќе се случи крај на сè за нов почеток? Мора да се случи час поскоро! Зашто е во прашање опстанокот на македонскиот народ на ова парче од исконската македонска земја!

919. Не може да ти биде никаде поубаво отколку во твоја татковина.

920. Одамна неиздржливо партиско-политикантско зло! До кога ќе ги издржуваме!?