Зборовите од народниот говор се секогаш за разбирачка. Освен ако не се знаат, ако не знаеме што значат, што именуваат, што заменуваат, а што покажуваа и докажуваат. Исто е и ако се заборавиле или ако сме ги замениле со други, ненаши.
Некои и од едните и од другите и од третите…:
- мофљус – човек материјално пропаднат
- испорец – првенец; предводник
- чапкан – безобразник; шегобиец
- јалдаџи – лажец
- арам – проклето
- калабалак – мнозинство, многу
- рушфет – мито
- ќелепур – нешто случајно или за малку пари добиено
- нафака – среќа
Порака што може да биде и општонародна:
Арам да ти е калабалакот што со рушвет и ќелепур си го стокми. Сега му се топориш ко испорец. А никаква нафака од тебе со тебе. Сетне ко јалдаџи и чапкан ќе му излезиш на очи, та мофљус ќе те направи.





