133. Желба
Никој не може да има само една желба или да остане само на една. Секоја или продолжува во друга или по нејзиното (не)исполнување започнува нова. Или, најсетне, е само една од многу што таа исполнета или неисполнета почнува да ги открива, да ги поставува, да го бара нивното исполнување.
Суштинското за желбата како нужност на човековиот опстој е таа да не биде ниту преголема, ниту премала, а чие исполнување да зависи што помалку од други.
Македонски народни пословици и изреки
Во туѓа рака парчето секогаш е поголемо.
Со желание сонето и несонето.
Мораш да имаш желба за напред.
Живото си је добар, само чоек да има некои желанија.
Нешто што сакате во живото ќе ве снајде, а многу во него ќе си најдете сами.
Сакам да го работам она што сакам да го сработам.
Некогаш желанието папсува.
Желба ми е голема да сме заедно и во добро и во зло.
Треба да знаеш што сакаш и колку сакаш.
Пословици и изреки од народи на светот
Не го барај она што го бара некој друг. (Турска)
Бидете внимателни кога нешто ќе засакате. Можеби ќе се оствари. (Кинеска)
Пиј за здравје на други, така што да не го запиеш сопственото. (Данска)
Просто е несфатливо што сè и колку може човек кој научил да биде одлучен и истраен. (Руска)
Ако не сте се промениле, значи дека не сте сакале да се промените. (Индиска)
Латински изреки
Прави им го на луѓето она што сакаш тебе да ти го прават. (Hoc facias homini quod cupis esse tibi.)
Научив да бидам задоволен со мало. (Parvo contentus esse didici.)
Не може да се направи или да се повтори исто што било некогаш.
Не може истовремено и да сакаш и да мразиш.
Ако одиш пред мене, може да да не те гледам и да не те следам.
Стамен човек си кога не сакаш одмазда за неправда.
Домисла, гесло, мисла водилка
Желбата не престанува со исполнувањето на желбата. Секое ново остварување ја поттикнува жедта за ново стекнување, како што горивото посилно го разгорува огнот.
Махабхарата
Полесно се живее со желба од овоземниот живот да отидеш во рајот.
Анонимус
Признавам дека бев лош, но не сум сакал зло. Само се обидував да го разберам животот.
Анонимус
Сите ние сакаме нешто дури не стасаме на крајот.
Анонимус
Рекле, издумале
Желбата и љубовта се крилја за големи дела.
Јохан Волфганг Гете
Нашите желби се претчувство на способностите кои лежат во нас, весници на она што сме во состојба да го направиме.
Јохан Волфганг Гете
Желбата ги продлабочува надежта и верувањето.
Марсел Пруст
Бесмислените желби никогаш нема да умрат во човечкото срце.
Мохамед Икбал
Кога би постоеле суштества кои на луѓето би им ги исполнувале сите желби, тоа не би биле богови, туку демони.
Фридрих Георг Јунгер
Почнете да бидете сега она што ќе бидете во продолжение.
Вилијам Џејмс
Се обидувам да го учам моето срце да не пожелува работи кои не можам да ги имам.
Алис Вокер
Не постои желба за непознато.
Овидиј
Човек не може да го сака она што не го познава.
Франсоа–Мари Аруе Волтер
Сакај го само она што зависи од тебе.
Епиктет
Не го омаловажувај доброто што го имаш поради желбата за она што го немаш.
Епиктет
Не го жалости човекот сиромаштијата, туку желбата.
Епиктет
Смртта, прогонството и сите останати несреќи кои ти изгледаат ужасни нека ти бидат пред очи, а посебно смртта, и ти тогаш ништо нема да сакаш премногу огнено.
Епиктет
Среќата не е во стекнување и уживање, туку во тоа да не се пожелува, зашто во непожелувањето е вистинската среќа и слободата.
Епиктет
Оној што само сака, а не работи, вдишува отров.
Вилијем Блејк
Не сакајќи ништо, поседуваме сè.
Иполито Ниево
Нека бидам ослободен од оној што не умее да ја каже вистината без саркастична боцка; од човек кој се однесува фино, а има лоши намери; од оној што стекнува самопочитување, наоѓајќи мани во други.
Калил Џибран
Повеќе сакам да сум мечтател меѓу најскромните со визија на остварување, одошто властелин меѓу оние кои немаат ни мечти ни желби.
Калил Џибран
Кој има помалку отколку што сака, нека знае дека има повеќе отколку што заслужува.
Георг Кристоф Лихтенберг
Ништо силно не би сакале кога точно би знаеле што всушност сакаме.
Франсоа Ла Рошфуко
Поподготвени сме да ги сакаме оние што нè мразат одошто оние што нè сакаат повеќе отколку што сакаме.
Франсоа Ла Рошфуко
Желбата е исходиште, па дури и правата суштина на верата. Кога човек не би имал желби, не би имало ни богови.
Лудвиг Фоербах
За да се чувствуваме, нема да кажеме сигурни, но храбри и мирни во животот, потребно е да сакаме малку, а да се надеваме на уште помалку.
Артуро Граф
Две се трагедии во животот. Едната е кога нема а постигнуваш желба на своето срце, а другата кога ќе ја постигнеш.
Џорџ Бернард Шо
Сите патишта што водат до желба на човечкото срце се долги.
Џозеф Конрад
Желбата е волја која не се сфаќа сериозно самата себеси.
Роберт Музил
Кој малку сака, има сè: кој ништо не сака, тој е слободен; кој нема и не сака, човек е еднаков на боговите.
Фернандо Песоа
Човекот го заведува само она што го сака.
Мартин Кесел
Принудени да живееме секогаш со исти мисли, да гледаме секогаш едно те исто, без оглед колку тоа страсно го сакаме, веќе нема да бидеме свесни колку се зли нашите желби.
Рејмон Радиге
Што значи да се сака, ако каква било случајност една желба може да ја замени со друга?
Иван Раос
Ако веќе сакаш да размислуваш, размислувај големо.
Доналд Трамп
Во исконот бевме обединети; желбата и копнежот да се вратиме на единството се вика љубов.
Платон
Корен на сите појави е желбата.
Гаутама Буда
Постојат три вида копнеж: копнеж по задоволствата на сетилата, копнеж по постоење и копнеж по непостоење.
Гаутама Буда
Неисполнувањето желба е патење. Мудро е да не се пожелува.
Гаутама Буда
Моќта е слатка, таа е како дрога, таа е желба која се зголемува со навика.
Бертранд Расел
Без чувство на итност, желбата губи на вредност.
Џим Рон
Кога знаете што сакате, и го сакате доволно силно, ќе пронајдете начин да го добиете.
Џим Рон
Сакај им го на луѓето она што си го сакаш и на себеси.
Мухамед
Жената е кралица на светот и робинка на желбите.
Оноре де Балзак
Некои луѓе сакаат да се случи нешто, некои сакаат да се случило, други прават да се случи.
Мајкл Џордан
Не му недостасува нешто на оној што тоа не го сака.
Марко Тулиј Цицерон
Модерниот човек живее во измама дека знае што сака, додека всушност го сака она што од него се очекува да го сака.
Ерих Фром
Сите оние што неприродно копнеат по нешто, често го губат и она што го поседуваат.
Езоп
Главна причина за животните промашувања и несреќата е тргувањето со она што најмногу го сакате за она што го сакате во овој момент.
Езоп
Знаеш што е најубаво во животот? Желбата, пријателе.
Меша Селимовиќ
Сонот е она што се сака, а животот е будење.
Меша Селимовиќ
Со богатството растат и проблемите и желбата да се има повеќе.
Хорациј
Ако ме прашаа уште во основно училиште она што сум сакал да бидам кога ќе пораснам, јас велев дека мој прв избор е глумец, но ако не можам да бидам тоа, би сакал да бидам суперјунак.
Вин Дизел
Ако сакате да успеете, желбата за успех мора да биде посилна од неуспехот.
Бил Козби
Богати се оние што немаат желби, а просјаците се оние кои постојано сакаат да имаат повеќе.
Диоген
Подобро е да се работи со луѓе кои нешто сакаат, одошто со оние кои постигнале што сакале.
Френсис Бекон
Чудна желба е тоа: да се бара власт и да се изгуби слободата; или да се бара власт над други, а да се изгуби над самиот себе.
Френсис Бекон
Бидејќи животот е краток, одрекни се од далечна желба. Не тежнеј кон тешко достапна.
Квентиј Хорациј Флациј
Целта на мојот живот не е кариерата, туку контактот со луѓето, таа можност со нив да разменувам енергија. Сакам да сите околу себе да влијаам позитивно, тоа е мојата мисија.
Тоше Проески
Не сакам да ми симнувате капа, само сакам да се гордеете со мене.
Тоше Проески
Човек може да го направи она што го сака, но не и да го пожелува она што го сака.
Артур Шопенхауер
Човек секогаш треба да земе во обзир колку тој има повеќе отколку што сака.
Џозеф Адисон
Човек со големи потреби никогаш не е доволно разумен зашто неговите желби го прават слеп.
Омар Ибн Ал Катаб
Добар владетел треба да прави што е можно помалку и да им се препушти на луѓето да го прават она што го можат и го сакаат.
Лао-Це
Економскиот просперитет е деструктивен. Им дава на луѓето време да измислуваат сè нови и нови потреби и нови желби.
Борислав Пекиќ
Да се сака…во тоа е целата уметност.
Мартинус Бјорнстјерн
Јас не верувам во песимизам. Ако нешто не оди онака како што ние сакаме, оди напред. Ако мислиш дека ќе паѓа дожд, ќе паѓа.
Клинт Иствуд
Јас не живеам во минатото воопшто. Јас секогаш сум сакал да направам нешто ново. И да направам точки кои се обидувам да ги заборавам и да добијам ствари од главата.
Брајан Ено
Јас сум сè уште далеку од тоа што сакам да бидам, но со Божја помоќ ќе успеам.
Винсент Ван Гог
Вчера бев паметен. Поради тоа сакав да го менувам светот. Денес сум мудар. Поради тоа се менуваам себеси.
Сри Чинмој
Кога би сакале да бидеме само среќни, тоа лесно би го постигнале. Но ние сакаме да бидеме посреќни од други, а тоа е мошне тешко зашто другите ги сметаме посреќни отколку што се.
Шарл Монтескје
Оние што сакаат да научат нешто, никогаш не се безработни.
Шарл Монтескје
Кога некој го нема она што го сака, тогаш мора да го сака она што го има.
Емил Зола
Кога сите желби ви се исполнети, многу соништа ви се урнати.
Мерилин Менсон
Колку е лесно да се разгори човечката желба, а колку е тешко да се угасне.
Александар Солженицин
Љубовта е чудесна но тешка авантура, зашто од оној што љуби бара постојан напор желбата за примање да ја преобрази во желба за дарување.
Мишел Квист
Се надевам дека секогаш ќе сакам повеќе отколку што можам да постигнам.
Микеланџело Буонароти
Недобивањето на она што го сакате кога тоа го пожелувате е често голема среќа.
Далај Лама
Не можам да негувам почит спрема сите што ја сакаат доколку не го заслужуваат.
Ен Бронте
Не постои човек кој не е способен да направи повеќе отколку што мисли дека може.
Хенри Форд
Не сакам следбеници.
Ноам Чомски
Неволја е дека сакаме да се изедначиме со оние што се над нас.
Анри Франсоа Бек
Оној што има трпение, може да има што сака.
Бенџамин Франклин
Се сеќаваш да ја кажеш правата работа на право место, но е далеку потешко да оставиш неизречена погрешна работа во моменти на желба да ја кажеш.
Бенџамин Франклин
Опасно е човек да се наведнува над туѓа празнина, а во пуста желба во неа како на дното на бунарот да го гледа своето сопствено лице; зашто и тоа е суета. Суета над суетите.
Данило Киш
Победата му припаѓа на оној што ја сака најмногу.
Теодор Рузвелт
Прво начело на успехот е желбата-да се знае што се сака. Желбата е твоето садење.
Роберт Колиер
Разликата меѓу упорноста и тврдоглавоста е што едната доаѓа од силна волја, а другата од желба.
Хенри Вард Бичер
Само мошне интелигентни луѓе не сакаат да се моткаат во политиката, а јас сум доволно глупав да посакам да бидам политичар.
Орсон Велс
Сфатив дека сите го сакаат она што го немаат, но на крајот од денот она што го имаш во себе е многу поубаво одошто она надвор!
Селена Гомез
Што луѓето сакаат, тоа и времето го трпи.
Петар Петровиќ Његош
Колку ти станува појасно кој си ти всушност,толку ќе ти биде појасно што всушност сакаш.
Опра Винфри
Нештата кои ги сакаме ни кажуваат кои сме.
Тома Аквински
Сè што сакаме, мирно без нетрпение но цврсто и јасно, нè чека на патот по кој чекориме.
Анатол Франс
Кој сака нешто да научи, ќе најде начин; кој не сака, ќе најде оправдување.
Пабло Пикасо
Кој повеќе сака, повеќе дава.
Иван Кушан
Во секоја желба за знаење има капка суровост.
Фридрих Вилхелм Ниче
Успех е да се добие она што го сакаме. Среќа е да се сака она што ќе го добиеме.
Дејл Карнеги
Големите умови имаат цели; другите имаат желби.
Ирвинг Вашингтон
Сакам да имам слобода да го правам она што го сакам.
Пол Вокер
Сакам мојата работа да ги направи луѓето среќни.
Џеки Чен
Сакам да живеам во секој момент сосема и интензивно. Дури и кога давам интервју или раззговарам со луѓе. Тоа е сè што јас размислувам за тоа.
Омар Шариф
Сакаме или не, припаѓаме на нашето време и учествуваме во своите ставови, своите чувства, дури и во неговите измами.
Анри Матис
Желбата за лек е можеби најзначајното нешто што го разликува човекот од животното.
Вилијам Ослер
Желбата за успех ја подмачкува тајната проституција во душата.
Норман Мајлер
Желбите се од молњата побрзи и посветли од светулката. Секоја воздишка е желба.
Јуре Каштелан
Живееме како што можеме, а не како што сакаме.
Менандар
Живот и мудрост. Што би можел повеќе кој било да посака?
Клајв Баркер