ДОСТОЈАНИЕ НА ИЗВИШЕН ТВОРЕЦ, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

17. Песна без свој крај

Искрено не знам зошто
некоја песна треба да има
свој крај.
Зошто треба?

Напротив, секоја песна
не треба да има
свој крај
зашто не може да има
ако се има предвид тоа
што не може никој
да ја допее.

Јас мислам дека
секоја песна на поет
кој испејува песна
секогаш кога ќе посака,
значи во какво било
мигумно расположение,
исто како јас,
нема свој крај
зашто неговиот живот
ниту почнал некаде,
ниту ќе заврши некогаш.

Запејувам песна без
свој крај
и воопшто не ми е грижа
дали ќе ја испеам сам
или во меѓувреме
со мене ќе ја запее
некој што живее
којзнае од кога.

Leave the first comment