ИЗЛИВИ ОД ИЗВОР ДО ВЛИВ, поезија/двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

276. Што било не било

За тебе што било
не било за мене.

 

277. До негде

Стасавме до негде
премалени од сегде.

 

278. Некогаш посакувам

Кога сакам си ми еден спомен,
а некогаш посакувам единствен.

 

279. Не можам

Не можам да замолчам
дури слушам познат глас.

 

280. Чудно заедно

Затворени во наши светови,
а слободни кога не сме заедно.

Leave the first comment