Потребно време за читање: 2 минути

Треба да има посебна боја и да биде урнат на едната страна. Како дел од војни и смрт со векови, почнувајќи од средниот. Полека ќе му го менуваме ликот и ќе го разместуваме подесно и полево, како што ни треба. Кулите нека останат сега-засега, но не да бидат многу високо. Ќе ги урнеме ако така решиме.

Каква решителност во гласот, се обиде да иронизира Марија Имотска.

А околу магла; не ѝ обрнав достатно внимание. Замокот на рид. До него се искачуваме по скали што ја сечат карпата. Околу нас некаков звук од ветер самотник.

Во светот на бајките?, праша рамнодушно Марија Имотска. Со сета сила се обидуваше да ја наруши мојата концепција. Сакаше да ме поколеба, да ја релативизира мојата решеност; да ме запре во намерата.

Не, не и не! Тоа е Кафка, се разбира. А ни треба кога стануваш за да ја започнеш војната во тебе. И веќе си донела конечна одлука како ќе ја раководиш. Точно предвидуваш кој загинува, кој останува со рани, а кој ќе биде херојот. Твојот редослед ми е сосем јасен. Во последниот миг, кога ја завршуваш, до последниот војник, го спушташ мостот и во тебе влегуваат нови народи со освојувачки страсти.

Прочитај и за ... >>  Всушност, која ти е целта?

А ти, Јасене Виорски, во време што те прави да си сосем рамнодушен спрема сè што се случува околу тебе. Спокоен пред такви настани, изморен, седнуваш на еден камен што си го одбрал многу одамна случајно или намерно, а си го задржал како дел од тебе, како вкоренет во тебе. Спокоен пред такви настани, не знаеш ни што се случило ни што се случува, ниту што ќе се случи.

А што, Марија Имотска?

Ти треба да знаеш подобро од мене. Нели ти ја поставуваш сценава. Сигурна сум само во едно: и покрај сè, и сега нема да отстапиш од заедничката цел.

Токму така. И ти и сè што се случува, секако и сè што треба да се случи допрва. Пред мене, пред нас, дури сме заедно.

Почнаа да минуваат на сцената заедно со куклите, да го освојуваат светот. А замокот останува зад нив. Околу магла во која полека тоне. Како да не биле ниту век во него!

Прочитај и за ... >>  Целта е сè уште далеку.

Тоа беше почеток на претставата онака како што се договорија уште при првата средба и нивниот прв сексуален чин: со еден обичен ден на сцена. Обајцата како писатели на драмата без кулминација, како сценографи, костимографи и главни артисти.

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here