Потребно време за читање: 2 минути

Си стави очила за да го загледа старецот на ѕидот во неговата соба. Како тоа досега воопшто да не го забележал? Кој го оставил тука, Марија Имотска? Невозможно! Па таа досега ништо не поместила во неговиот ред. Само навраќа одвреме-навреме за да го потсети дека е дел од неговата стварност. Да не го оставил тој тука во некое минато време?

Му личеше на оној што постојано се смее во паркот. И наутро и напладне и навечер! Како вкочанета насмевка од внатрешен удар. Колкупати досега се обидел да го поттикне на разговор, да му го раскаже своето зрело доба? Имало ли во него нешто интересно или, пак, сите тие години му минале без никаков интензитет, без никакви промени?

Каде ли е неговото минато? Како му минало? Старецот на ѕидот во неговата соба има спокојно лице. Како пред смрт! И чудна светлина, пресечен зрак во неговите зеници!…Дали се сеќава на нешто? Колку се сеќава што било, што сè се случило во неговото време? Колку години, месеци, недели, денови, колку ноќи минале во мигот кога некоја рака вака му го запрела ликот? И дали бил сам или со други?…Зошто сам?

Прочитај и за ... >>  Како се објаснува една состојба, а истовремено се најавува друга.

Во времето никогаш не сме исти, Јасене Виорски, му рече еднаш оној што постојано се смее во паркот. Единствено на тоа си спомнува. И дека потоа му се затресе целото тело. Како ветар да мина низ него.

Старецот на ѕидот на неговата соба му раскажува дека достоинството никој не може да ти го скрши. Без оглед колку ти трае животот. И тоа му го раскажува со воздишки меѓу зборовите, со напор. Како дете во радост кога игра само!

Од каде, пак, сега ваква споредба? Нешто се случува со Јасен Виорски. Но што?

Старецот и едно дете облечено во стара износена облека секое утро излегуваат од нивните живеалишта и доаѓаат во паркот на бавна, безгрижна прошетка во паркот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here