Потребно време за читање: 2 минути

Денот ти овозможува да ги следиш промените како што самиот се менуваш. А тие мигови да бидат можеби и решавачки кога го мериш просторот пред тебе. Така полека си го изморуваш телото, така додека не посакаш да легнеш. Некогаш не си свесен, Јасене Виорски, дека стварноста ти покажува сè што замислуваш и сè што ти треба. Подоцна или порано сеедно. И твојот свет го откриваме, како книга го прелистуваме, го препрочитуваме во корелација со него.

Сега одиме во деталот. Оној нож фрлен во тревата од некој што сакал да се ослободи од него како дел од сопственото минато. Ти сега го наоѓаш и се изненадуваш како тоа да останал неначнат од времето, сè уште да го одбива сонцето од сечилото.

И она голо секојдневје, разголено до баналност, без никаков знак дека некој досега го поседувал, без никаков знак дека само ти го поседуваш. Не, не е воопшто изморено од долго чекање додека си го пронашла, Марија Имотска.

Прочитај и за ... >>  МАРИЈА И ЈАСЕН, роман

Затоа и ќе ми биде полесно да се ослободам од него, Јасене Виорски.

А болеста што ја имаме, на пример?

Да, човекот со лузните и убивањето! Тоа те тревожи. Веќе добро знаеш, узна досега дека кога дува од сите страни тој ни доаѓа навреме. Ти само еднаш го пречека сам и поразен зашто немаше на кого да внимаваш. Затоа сè уште не можеш да го прифатиш како измислен од нас.

Денот ти овозможува да ги следиш промените како што се менуваме, Марија Имотска.

Конечно прифати, Јасене мој. Немаш каде!

Сакам да ми зборуваш. Се занесуваш дури гледаш во мене, а мене тоа ми е смешно. Знаеш да зборуваш убаво. Сакам да ми раскажуваш за сето она што го посакуваш кога си сама.

Се знае. Ти!

Доста со сентименталности, те прекинувам. Ги мразам! Така не си сериозна, Марија. Спокојството над сè!

Собата беше голема колку креветот во кои беа легнати. Над нив, на таванот мал отворен прозорец низ кој влегуваше ноќта.

Прочитај и за ... >>  МАРИЈА И ЈАСЕН, роман

Луѓето како да не можат да прифатат дека пред нас секогаш нешто се случува побрзо; и мораме да ги следиме тие интензивни промени, Марија Имотгска. Како да не сакаат да признаат дека еднаш сè било одамна или неодамна, дека сè ни се повторува како што било. Што е главна причина зошто сме такви какви што сме!

Светот крие многу тајни, Јасене Виорски. Ако ги откриваме побрзо од што треба, на тој начин губиме дел од сопствениот чин на постоење, движење и грч; со кои си го потврдуваме идентитетот пред другите. Така забораваме дел од своето минато!

Се сврте кон неа и долго ја гледаше без збор.

Сонуваш?, ја праша.

Ѝ докажа декаа му се стори многу тивко во собата. Разговорот како да беше пресечен наеднаш.

Сонувам, одговори Марија Имотска.

Собата беше голема колку креветот во кој беа легнати. Од описот порано: нема врати, како заѕидани во неа. Најважното: имаше една чаша на наткасната, а на подот фрлени еден бел чорап, еден црвен свилен фустан и една кошула без ракави.

Прочитај и за ... >>  Еден обичен ден на сцена

Низ малиот прозорец можеше да скокне ноќта.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here