ИЗЛИВИ ОД ИЗВОР ДО ВЛИВ, поезија/двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

216. Ноќен дожд

Го чувствувам роморот
на дождот ноќен во мене.

 

217. Ѕвезди

Одвреме-навреме ѕвездите ми се
колку подалечни-толку поблиски.

 

218. Еден мост

Не знам ниеден друг мост камен
над бистра река од луѓе заборавен.

 

219. Измамници

Во свет на мали измамници
зависни од големи измамници.

 

220. Валканици

Секакви валканици на виделина
од покорни и туѓински силници.

Leave the first comment