211. Кога
Сè поневажно кога од сега
во мојот внатрешен свет.
212. Наслушнувам
Наслушнувам шепоти
како песни од тишини.
213. Јури
Старец снеможен во смртен час
јури низ пустелија каменита.
214. Ист
Мој ист спокој во самост
како кога сум со тебе.
215. На сон ми идат
Никако да доумам зошто на сон
ми идат мои мртви ближни.