206. Сончевина
Сончевина во мојата крва
за раѓање и зреење на надеж.
207. Диви треви
Корнам диви треви со раце,
а тие и без корен пак растат.
208. Имот
Не ми беше голем имотот
дури можев да го работам.
209. Болештина
Од кого ли е болештинава
за која народот нема иљач?
210. Ме вртат коскиве
Ме вртат коскиве непрестано,
и на студенина и на горештина.