18. Дело
Со дело го продолжувам
моево ниедно доба;
кое не знам кога го почнав,
а знам дека без мене
скоро ќе го завршам.
За какво дело е збор
меѓу гласност и немост,
меуѓ возбуда и спокој
мигновени?
Сè уште се обидувам
да откријам, да сознам,
зашто веќе знам
дека не е од многу
што се сушност
на мојата опитност.
Засега сум сигурен
дека и тоа
нема да ме остави
за навек
во ова ниедно доба
на одбрана на корените
на мојата самосвест.
Одблизу и оддалеку
делово
го гледа, го восприема,
најсетне го заживува
секој огнен приврзаник
на чиста љубов,
длабока мисла,
стамен збор
и возвишени извори
во човек.