Енциклопедиски едиторијал, www.panoptikum.mk

Постојат големи и мали, краткотајни и долготрајни, заборавени и незаборавни, значајани и безначајни настани. Сите тие се дел од одот на Човекот, од неговиот живот, неговото опкружување, од неговото дејание и создавање. Постојат дела кои се за едни големи а за други мали, за едни многу а за други малку вредни или безвредни дела.


А не е мал бројот на оние кои по подолго време премолчувани, обезвреднувани, маргинализирани, станале-стануваат неодминливи, претставуваат несомнен придонес за севкупниот развој на човековата цивилизација.

Во ова опкружување, интернет, во огромниот број веб страници со секакви содржини, каде секојдневно се случува надградување, развој, интеграција, во морето на информации на глобално ниво каде секојдневно се раѓаат многу нови, сме и ние - www.panoptikum.mk. Оние што не знаат, постојано, секојдневно не посетуваат, не следат, ќе се согласат дека „Паноптикум“ е „нешто сосема друго“; се изделува од сите постојни во македонски интернетски „рамки“, па и пошироко.

Најпрво оти сме енциклопедиски сајт во вистинска смисла, оти се „потпираме“ на моќта на знаењето и, следствено, е моќен-најмоќен сајт, а потоа уште многу друго: оригинална концепција, со мошне широк опфат на теми-сознанија, спознанија, умности, знаења, искуства; на состојби, проблеми, прашања; занимлив, забавен, а од денеска и со модерен, естетски мошне привлечен, динамичен дизајн.

Уште нешто, еднакво важно: отворен за пополнување, дополнување, за натамошно секојдневно богатење.

Што е всушност ПАНОПТИКУМ:

Култна македонска радио емисија „Паноптикум“ - комплетно авторско дело на еден од доајените на македонското радио - новинарство Љупчо Димитровски, реализирана на Втората програма на Македонското радио во 90-тите години на 20-от век (првата емисија е реализирана на 05.05.1989.), продолжена како 18-часовна програма на ЕВЕРГРИН ГРОМ РАДИО, под наслов РАДИО ГРОМ (до 2006-та).

Љупчо Димитровски за неа го доби годишното признание за радио новинарство „Крсте Мисирков“. По повод 200-тата емисија на „Паноптикум“, на 20-ти и 21-ви април 1993-та година, тој постави досега ненадминат македонски рекорд: реализација и водење на програма во живо 25 часа без престан.

Животот на „Паноптикум“ продолжи на овој простор - www.panoptikum.mk. Мултимедијално, со сиот творечки опус, концепт и енергија: текст, аудио, видео. Интерактивен веб како што своевремено беше и радио емисијата.

На 6.2.2013 на Интернет е поставен редизајниран „Паноптикум“-единствен македонски енциклопедиски сајт, на македонскиот енциклопедист, писател, поет, сатиричар и новинар Љупчо Димитровски.

Главен и одговорен уредник: Љупчо Димитровски (надворешен соработник)

Редовни соработници: Влатко Митов, Јован Димитровски, Соња Димитровска
Фотографии: изворот е наведен во написот
Лектор: Љупчо Димитровски

Техничко одржување и издавач: Дигитал Медиа Креативе Про Дооел Скопје
Одговорно лице на издавачот: Горан Димитровски
Контакт: [email protected],  +389 78 246801

Сите права се задржани. Не е дозволено било какво преземање на делови или цели содржини, ниту во оригинал ниту како извор и преработка за други содржини, без одобрение на Дигитал Маедиа Креативе Про Дооел Скопје.