ИЗЛИВИ ОД ИЗВОР ДО ВЛИВ, поезија/двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

86. Искрено

Не сокривам ништо
во мое време минливо.

 

87. Болно

Моите корени во невреме
се бранат од скаменување.

 

88. Радосно

Безгрижна игра во круг
на предци и потомци.

 

89. Жално

Збор нечуен ко онемен
во песна на преселница.

 

90. Најнакрај

Ништо не ме допира,
ништо ново за мене не е.

Leave the first comment