ГОЛТКИ, минијатурни раскази/ескизи

Потребно време за читање: < 1 минута

36. Разгорен

Ми вели дека во него е одамна разгорен огнот на љубовта кој сѐ уште успева да го брани од слаби и силни ветрови. Не им дозволува да му го угаснат. Му верувам.

Ми вели дека често разгорува и остава разгорен оган меѓу луѓе во кои завладеала студенина што да не можат ни да се гледаат меѓусебно ни да споделуваат што-годе. Му верувам.

Ми вели дека во последно време одвреме-навреме успева разгорен оган да остави во толпа млади и средовечни луѓе кои со извици, песни и говори изразуваат незадоволство од состојба или од каква-годе загрозеност на заедничката живеачка. Го прашувам дали притоа им се придружува. Ми вели дека не му дозволуваат годините и здравјето. Му верувам.

Leave the first comment