СТИХУВАНИ БЕСЕДЕЊА, стихозбирка

22. Саможртва

Успеав да преживеам
непрегледна суша
жеден и гладен,
во сон буден
и на јаве пребликнат.

Зошто таква и толкава
саможртва
што да немам сега
ни каде ни кога
да собирам нова сила
за лунѕањето
низ беспаќево
што е сега пред мене?

Затоа што
ако не ја преживеев
непрегледната суша,
сега ќе немаше
ниту трага, ниту глас
од мене,
а во беспаќево
ќе лунѕаше некој што
во животот никогаш
не успеал да достои
непокорен, единствен

за да постои додека е
што бил секогаш.

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.