СТИХУВАНИ БЕСЕДЕЊА, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

11. Обградување     

Разбирам зошто реши
да си го обградиш
живеалиштето,
да се обградиш конечно
од сите страни;
со камен бедем
на северозападната,
и шума непроодна,
со секаки дрвја до небо,
извишена
на југоисточната.

Не е поради скитници,
незнајни намерници,
зломисленици,
не е поради луѓе
добронамерници,
за нив веќе си направил
источна порта, влезна,
секогаш отворена,
и западна секогаш
затворена, излезна,
ами за спокој,
во мир да сонуваш
од тебе согледливи,
од тебе дофатливи,
од тебе замисливи,
од тебе остварливи
утрешни игри
лични и надежни
од раѓања до смрти.

Во ѕидовите на бедемот
камен, на страната
северозападна,
си вѕидал штитови
од коски на мртви воини,
а меѓу нив песни и крици
на живи птици слободни
за лет, за прелет,
против ветришта силни,
против молњи;
шумата непроодна, пак,
со дрвја секакви,
извишени до небо
на југоисточната
е за рамновесие помеѓу
страните на светот,
годишните времиња
и безвременските восхити
од убавините човечки
во секој збор коренски,
на трајната опстојба
на народ исконски.

Leave the first comment