Мрежен маркетинг

Потребно време за читање: 3 минути

Мрежен маркетинг, уште се нарекува и мулти-левел маркетинг (МЛМ) е метод за размена на информации меѓу луѓето, за производот од производителот до потрошувачот. Кај мрежниот маркетинг (МЛМ) заработувате бонус, кога другите ќе го користат производот кој вие сте им го понудиле. МЛМ ви предлага да изградите сопствен бизнис и да дојдете до доход со полу или целосно работно време, со флексибилно работно време.

Многу компании нудат мрежен бизнис, но малку се тие кои се изградени врз принципите на долгогодишно искуство, стабилност, чесност и објективност.

Ви нудиме листа на критериуми, врз основа на кои можете да ја изберете најдобрата МЛМ компанија.

Добрата МЛМ компанија траба да има:

Квалитетни производи

Еден од најважните фактори во мрежниот бизнис е гама од многу квалитетни производи. Многу е тешко да го добиете почитувањето и довербата на клиентите, ако во еден момент продавате филтриран систем за вода, а во следната обувки. Добрата компанија треба да нуди квалитетни производи кои долго се паметат. Барајте лидер на пазарот кој има производи со докажан висок квалитет;

Без надминување во нивоата

никој од групата под вас нема да се издигне на ниво повисоко од вашето. Ако дистрибутерот во вашата мрежа добро го развива својот бизнис при издигнувањето на повисоко ниво, тој автоматски ќе ве издигне и вас на новото ниво. Барајте маркетинг план, кој дозволува да се пронајдат и вклучат лидери во бизнисот;

Без да го изгубите нивото

Постигнатото ниво во маркетинг планот никогаш не треба да се изгуби поради недостиг на активност и нарачки. Веќе еднаш достигнато ниво останува за секогаш. Добриот маркетинг план ви дозволува да се опуштите ако од тоа имате потреба.

Бонусите се исплаќаат врз основа на цените на мало

Бонусите треба да се пресметуваат врз вредноста на купените производи по понудените цени за продажба на мало, а не врз дистрибутерските цени (кои се значително помали). Тоа ви гарантира повисоки бонуси;

Докажана финансиска стабилност

Постојан и стабилен пораст на продажбите секогаш е знак за добра МЛМ компанија. Не пропуштајте да ја погледнете графиката на годишната продажба на компанијата, за да видите како таа се развива, каков е прометот и да ги прогнозирате идните тенденции. Исто така разгледајте ги продажбите на компанијата во периодот од кога таа е основана до денес.

Најмалку 5 години искуство во мрежната индустрија

Добрата МЛМ компанија треба да има најмалку 5 години искуство и да има рeализирано стабилен развој во текот на неговото постоење. Само квалитетна компанија со мрежен маркетинг може да ги надмине првите критични 18 месеци со помош на солидно раководство, силен бизнис план, мотивирани дистрибутери и квалитетни производи;

Различни можности за доход

Кога компанијата им нуди на дистрибутерите различни варијанти за заработување на пари, тие имаат можности сами да ја определат својата графика, дали тие ќе работат цел или половина работен ден, да го изберат тоа кое најмногу им се допаѓа и др. Различните можности за доход се клучни предности на работата во мрежниот маркетинг;

Производи за конзумирање

За мрежниот маркетинг идеални производи се оние кои се конзумираат, затоа што со нив лесно можете да си изградите група од лојални клиенти, кои редовно ќе купуваат нови производи. Таква солидна основа од активни клиенти е клуч кон ефективен мрежен бизнис. Таа може да се изгради само со квалитетни производи за конзумирање. Доста тешко би било да сте претставник на компанија која на пример продава домашни аларми;

Развиен систем за поддршка на дистрибутерите

Клучен фактор за мрежниот бизнис. Добрата МЛМ компанија траба да обезбеди целосна поддршка на дистрибутерите, како што се пристап до информации, обука, семинари, различни можности за усовршување на способностите и др. Вашиот успех влијае непосредно врз успехот на компанијата и системот за помагање на дистрибутерите кое треба да биде одраз на овие идеи;

Меѓународa присутност

Развиената меѓународна дејност е показател за растежот, просперитетот и квалитетот на производите. Компании кои ја распространуваат својата дејност во светот се стабилни и искусни.

(Преземено и преведено од: http://www.flp.bg/mac/Business)

Leave the first comment