Стареењето и мозокот

Потребно време за читање: 5 минути

Стареењето е природна фаза во животот на секое битие. Често се поврзува со надворешиот изглед на човекот, а се занемарува стареењето на организмот и внатрешните органи- што, се разбира, е многу поважно. Тоа, пак, најнепосредно се поврзува со промената на начинот на живот, особено со режим на здрава исхрана и намалување на стресот. Со тоа секој може да го одложи стареењето.

Истото се однесува и на мозокот. И тој старее заедно со нас, па со годините е потребно да се стимулира-јакне додатно, меѓу другото и со соодветна храна. Инаку, едно најново истражување утврди дека мозокот работи како Интернет. Соодветната храна би требало да се однесува и на него, што е засега теоретски непотврдено, ниту практично проверено 9 шегата за него е добаср стимуланс).

Каква храна против стареење? Утврден е ефектот на одделни витамини, јаглените хидрати, зеленчукот и водата.

Витамини за подмладување

Витамин Ц

Познато е, основна функција на овој антиоксидант е борба против слободните радикали кои се одговорни за процесот на стареење.

Истражувачки тим на Институтот за молекуларна и ќелиска биологија во Португалија дошол до заклучок дека витаминот Ц е навистина во состојба да се спротивстави на потенцијално штетното дејство на сончевите зраци и забрзаното стареење.

Витамин Е

Негова основна улога е „фаќање“ на слободните радикали, а со самото тоа и заштита на хормони, ензими и ќелиски мембрани од агересивни супстанции. Овој витамин ги чува срцето и крвните садови, но и други важни органи. Најдобар извор на витамин Е се семенки на сончоглед, ладни цедени масла јадрести плодови и соја.

Витамин А

Тој е силен антиоксидант кој го штити видот, ги намалува брчките и го спречува развојот на канцер. Заедно со витамините Ц и Е го спречува развојот на катаракта. Го има и во рибиното масло, месото, телешкиот џигер, јајцата, млекото и млечните производи, како и во други продукти од животинско потекло. Во зеленчукот витаминот А се наоѓа како провитамин во форма на бета- каротинот присутен во морковот, компирот, спанаќот, лубеницата, доматот и разно овошје и зеленчук со жолта и црвена боја.

Сложени јаглени хидрати

Исхраната која придонесува за подмладување на организмот треба да биде богата со сложени јаглени хидрати, како што се интегралните житарици, овојшјето, јадрестите плодови и семенките. Овие благотворни продукти треба да јадат во сурова состојба, термички необработени. Богати се со влакна, па можат да спречат хронични тегоби (опстипација, хемороиди, хипертензија) кои придонесуваат за процесот на стареење.

Комплексните јаглени хидрати се вистинска ризница на фитохемикалии кои го спречуваат настанувањето на артритис, рак и срцеви заболувања, брчки и старечки пеги.

Зелен зеленчук

Зелениот зеленчук е богат со хлорофил, чистач на крв, кој има способност pH организмот да го доведе во рамнотежа и да ги отстрани последиците од различни загадувања, како што е вдишување на тутунски дим и бензински испарувања. Со неговото присуство се подобрува апсорпцијата на храна и дејството на антиоксиданти врз јакнењето на имунолошкиот систем, што претставува клучен аспект за забавување на процесот на стареење. Најдобар извор на хлорофил се клици и млади никлуци на житарици и мешунарки, како и семенки, особено јачмен и пченица.

Вода

Обичната вода е мошне важен дел од здравата исхраа, но луѓето често не ја внесуваат во доволно количество. Тоа може да предизвика дехидратација на мозокот и сенилност кај постарите лица.

Минималното количество што треба да се испие изнесува две чаши вода дневно, а оптималното шест. Освен тоа, течноста во организмот се внесува и со секојдневно консумирање на овошје, чаеви и цедени сокови.

Што го „јакне“ мозокот, со што го одложуваме неговото стареење? Со медитација, решавањем на крстозбори или судоку, со физичко вежбање, доволно сон и со соодветна храна.

Храната на мозокот може да му даде доволно енергија, па вклучува обични јаглени хидрати, влакна, некои протеини и малку маснотии.

Храната за мозокот е исто така и храна за вашето цело тело, вклучувајќи го кардиоваскуларниот систем, а може да служи како помош во превенција од Паркинсонова и Алцхајмерова болест.

Избор од 10 продукти за додатна енергија на мозокот:

10. Јајца со повишени омега-3 киселини
-Јајцата од слободното одгледување со посебна исхрана на пилиња имаат многу омега-3 киселини. Поради тоа не се менува вкусот на јајцат, а добиваат додатна енергија;

9. Говедско од слободно одгледување
-За квалитетот на месото е важен начинот на одгледување, а со пасењето се добива месо со помалку засилени маснотии и омега-6 маснотии, потврди едно истражување;

8. Грчки јогурт
-Доколку не можете да го најдете во продавници, на Интернет може да се најде мошне едноставен рецепт како да се направи од обичен јогурт;

7. Chia семе
-Исклучително богато со омега-3 масни киселини, а може да се пронајде во продавници на здрава храна;

6.Quinoa
-Еден од двата извора важни за протеини за вегетаријанци (вториот е сојата);

5. Мешунки
-Тие се добар извор на јаглени хидрати и влакна и додатен извор на калциум и фосфор, кои се добри за срцетго и коските;

4. Леб од зрнести житарици
-Извонреден извор на сложени јаглени хидрати и влакна и витамин Б;

3. Коскени плодови и семенки
-Лешниците и бадемите се извонреден извор на омега-3 масни киселини и се мошне хранливи. Се препорачува да се јадат сурови, а не пржени во масло,

2. Свежо овошје
-Иако содржи доста шеќерм богато е со вода и има малку калории. Овошје со свежи бои, како што е јагодата, лубеницата и боровницата, се помеѓу најхранливите продукти;

1. Зелен чај
-Умерени количества на кофеин можат да ја подобрат концентрацијата и циркулацијата. Добро е барем едно кафе на ден да се замени со зелен чај.

Едно најново истажување покажало дека мозокот е како широко поврзани мрежи мошне слични на Интернет, што се коси со досегашното сфаќање за структурата на мозокот како хиерархиски организирана компанија.

Новата техника на следење на сигналот во одделни делови на мозокот покажала дека постојат врски и помеѓу наизглед негови непроверени делови.

Истражувањето, објавено во списанието „Proceedings of the National Academy of Sciences“, би можело да послужи за мапирање на целокупниот нервен систем, пренесе BBC.

Лари Свансон (Larry Swanson) и Ричард Томсон (Richard Thompson), од Универзитетот на Јужна Каролина во Лос Анџелес, успеале да изолираат мал дел од нашиот мозок во предел наречен nucleus accumbens кој се поврзува со доживување на задоволство.

Нивната техника се заснова на вбризгување во точно одредени точки на мозочното ткиво, тн. Трејсери, молекули за следење кои не влијаат врз движењето на сигналот низ ткивото, но можат да се осветлат и идентификуваат со помош на микроскоп.

Истражувачите истовремено вбризгале два трејсера во одредена точка: еден кој покажува каде сигналите заминуваат и друг кој покажува од каде сигналите доаѓаат. Овој пристап покажал четири нивоа на поврзување.

Кога мозокот би имал хиерархиски организирана структура како некоја голема компанија, како што долго веруваа невролозите, дијаграмите би покажувале прави линии од независни делови кон еден центар за процесуирање на податоцим до „директорот на компанијата“.

Меѓутоа, двајцата американски научници согледале дека постојат своевидни „јазли“ со кои директно се поврзуваат деловите од мозокот за кои досега не се знаело оти меѓусебно комуницираат- што повеќе одговара на модел на широка мрежа каков што е Интернет.

Делот од мозокот што го проучувале истражувачите укажува на постоење на мрежа со која се опфатени делови што се поврзуваат со стресот, апетитот и депресијата.

Вака густо поврзаната структура на мозокот би можела да претставува моќно средство во анализата на работата на мозокот при процесуирање на информации. За ваквата структура веќе некое време се изнесуваа хипотези во научниот свет, но таа досега не била експериментално демонстрирана.

Истражувањето помогнало да се расветли одвај еден од огромниот број на конекции присутни дури и во мозокот на мал цицач. Со постепено мапирање на регионите во мозокот ќе се дојде до многу погле,а слика, наведуваат научниците.

Ваквиот дијаграм несомнено би бил исклучително комплициран и е големо прашање во кој степен би можел да расветли деликатни прашања на свеста и сознанието.

„Засега немаме никаква идеја, но постои директна аналогија со Проектот на човечкиот геном- вербата дека познавањето на цела низа на човечки ДНК би можела да биде камен темелник на биологијата, без оглед колку во практика би траела реализацијата на тоа сознание“, рекол Свансон.

Leave the first comment