ШТОМ ЗАОДЕВ, СЕКАКО ЌЕ ДООДАМ или СЕКИДНЕВНИ НАСТАНИ И ДОЖИВУВАЊА ВО ЖИВОТОТ НА КОРЕН СТАМЕНОСКИ СО ПРЕКАР ИМЕ, минијатурен политички роман

Настан I

Според кажувања на ближни, пожолтени фотографии, писмени траги и важни датуми, Корен Стаменоски со прекар Име е убеден дека татко му Стојмир и мајка му Милица го зачнале во една од многубројните страсни ноќи, со секс до истоштување, во првата недела од стапувањето во брак. Знае и дека бил посакувано дете, како прво машко во идното многудетно семејство.

На Корен Стаменоски со прекар Име му се еднакво важни и вредни личното минато и сегашноста, поважни од колективните. Во врска со неговото раѓање откри дека заживеал во куќарка опкружена со неплодна земја и река што течела крај неа, а извирала во далечна планина на исток.

За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.