НЕШТО ИДЕ НЕКАКО САМО ОД СЕБЕ, поезија/двостишија

Потребно време за читање: < 1 минута

331. Безимено дело

Едно безимено дело
го бара својот творец.

332. Предвест

Сѐ околу мене ми докажува
дека скоро пак ме огрее сонце.

333. Стар чардак

Само мојов стар чардак
останал од родното огниште.

334. Виден

На многумина им е далечен,
на многумина сосем незнаен.

335. Сосипија

Незапирна сосипија
пред луѓе и во нив.

Leave the first comment