Потребно време за читање: < 1 минута

110. Самосвест помеѓу душа и срце

Легнав угул гол
на смртна постела,
огнен и надежен
дека сепак
ќе се вратам со љубов
спрема одамна
испеана убост.

Таа и мене,
како на секој смртен,
згора поет
меѓу божества,
со божества,
ми треба додека
ја прилагодувам
мојата самосвест
помеѓу душа и срце
пред
ново годишно доба
што ми ги суши
корените.

Јас сепак ќе се вратам
кај тебе,
убост одамна испеана,
за со тебе макар
последен пат да станам
мраморен збор
длабен од зора до мрак
и издлабен
конечно низ него
да почне да се провира
ветар безимен.

Легнав угул гол
на смртна постела,
огнен и надежен
дека нема да бидам
скоро заборавен
од луѓе и божества
кои сал заедно можат
да го менуваат светот
додека сѐ уште нема
насилно умирање
под небо слободарско.

Сосе мојата самосвест
помеѓу душа и срце
пред
ново годишно доба
што ми ги суши
корените.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here