301. За едно
Заедно сме за едно,
до едно и со едно.
302. Јаболкница
Ми овена старата јаболкница
пред да расцути за последен пат.
303. Смислувам
Смислувам свет во кој
секој секого ќе препознава.
304. Разделување кришум
Дека им раздели имот кришум,
ене ги одродени, ни да се видат.
305. Тоа
Не бидува друго,
па тоа е тоа затоа.