44. Неред
Сѐ поголем е нередов
пред мене
помеѓу мисли и зборови
што никако да се согласат
дека најнапред
треба да се препознаваат
меѓусебно,
а потоа да тргнат заедно
во поход против сили
облачни и мразни.
Веќе се заканува негово
насилно навлегување
во свеста молскавично
како оган што сѐ живо
пеплосува;
да ја окова во пранги
и до смрт недостоинствена
да ја покори.
Трагикомично е дека
нередов пред мене
помеѓу мисли и зборови
станува сѐ поголем
и задушува сечија умност.