44. Рими за игри
Вака е и не може инаку
оти е така:
Во животот секогаш
има нешто
за старо и за младо
затоа што
и за јадост и за радост
и за мисла и за смисла
во нас, од нас, за нас
се случува сенешто.
Особено кога ветришта вијат,
а големи и мали сенки
мирно спијат.