КУЌА ШТО МОЛЧИ НЕМЕРЛИВО, стихозбирка

Потребно време за читање: < 1 минута

41. Крв како зовриена

По оган среде зима
насекаде задимен снег
пред пеплосано лице
со безнадежни зеници.

Твојата кожа развеана
од разлутен ветар
без зборови и знаци.

Те знам добро од дамнина,
најнапред како самотна
беспризорна танчарка
облечена во жолт фустан
доземи, како сонцева,
забравена во соба
потоната во пајажина
од љубовник што те имал
страсна само миг.

Откривам дека
бравата ја премачкал
со `рѓа
за да загинеш засекогаш
од сите заборавена.

Сигурен сум дека
пред твојот последен
мразен издив
ќе останеме сплотени
до блиски или далечни
живожарици.

Ме слушаш росен,
те слушам росна,
скрвавени.

Leave the first comment