236. Збогување
Пред залез на сонце
се заборавивме.
237. Постоен
Сѐ што те гори и пустини
не е од тебе, постоен.
238. Гугутки
Долетаа две гугутки
пред мојот дом запустен.
239. Загрижен
Ќе остане ли човек жив
заскитан во оваа пустелија?
240. Замисла
Ведра мисла извира
од милна сончевина.