Рокерите умираат порано. Зошто?

Потребно време за читање: 2 минути

Отсекогаш се сметало дека ѕвездите на рок (рокерите) и поп музиката го живеат својот живот во брза трка, а научниците успеале да го потврдат тоа.

Рок ѕвездите имаат повеќе од два ипол пати поголема шанса да умрат во првите 5 години од славата од просечниот Американец или Европјанин, откри истражувањето на Унверзитетот John Moores од Ливерпул, сшпроведено во 2007-ма, а чии резултати се објавени во британското списание Journal of Epidemiology and Community Health.

Тимот на истражувачи избрал 1.064-ца музичари според критериумот 1.000 најдобри албуми, а биле вклучени разни жанри на музика: рок, поп, New age, панк, рап, R&B и електронска музика. Севкупно, 100 ѕвезди, помеѓу кои се и славните Jimi Hendrix, Jim Morrison, Keith Moon, Brian Jones, Janis Joplin и Kurt Cobain, умрени помеѓу 1956-та и 2005-та година, што претставува стапка на смртност од 7,3% за жените и 9,6% кај мажите.

Во 25 години на стекнување на слава, ризикот од предвремена смрт скока на 70% за рок ѕвездите во однос на останатата популација, но првите 5 години се најубиствени оти ризикот од прерана смрт достигнува 240%. За оние кои слава стекнале помеѓу 1960-та и 1970-та година ризикот од смртност во првите 5 години бил 3 ипол пати поголем во однос на другите луѓе, т.е. 350%.

За повеќе од четвртина на умирања се одговорни дрогата и алкохолот. Исто така се дошло до заклучок дека американските музичари се позагрозени од европските.

„Мошне е важно ваквото однесување, ако веќе не може да се искорени, да се доведе во разумни граници зашто влијанието на популарните музичари врз младите е мошне големо. Потребно е да се спречи музичките икони да промовираат нездрав начин на живот помеѓу своите обожаватели. Ѕвездите би можеле многу поактивно да ги промовираат позитивните вредности и модели на однесување кои не го загрозуваат здравјето“, изјави водачот на истражувањето Марк Белис (Mark Bellis) и нагласи дека едно од десет млади лица сака да стане рокенрол ѕвезда.

Пол Стоукс (Paul Stokes), уредник во музичкото списание „NME“, смета дека дел од проблемите лежи во фактот оти голем број на музичари своите први години ги минуваат во константна борба за опстанок, а кога ќе дојде успехот- се почнува да се случува многу побрзо.

„Не постои механизам кој би го контролирал ваквото однесување, а и живееме во општество кое аплаудира на секој вид на непримерено и неконтролирано однесување“, додаде тој.

Еве список на 10 рок ѕвезди чија смрт е поврзана со дрога и алкохол:

Janis Joplin 1943 – 1970, Jimi Hendrix 1942 – 1970, Jim Morrison 1943 – 1971 Doors,Gram Parsons 1946 – 1973, Keith Moon 1946 – 1978 The Who, Sid Vicious 1957 – 1979 The Sex Pistols, Jerry Garcia 1942 – 1995 Grateful Dead, Doug „Dee Dee Ramone“ Calvin 1952 – 2002 Ramones, Rick James 1950 – 2004, Ol’ Dirty Bastard 1968 – 2004 Wu-Tang Clan.

На крајот и интересно мислење на Дино Дворник, познат хрватски пејач и глумец, кој почина во 2008-ма година под неразјаснети околности:

„Рокерите се плашат од староста, зашто стар рокер на бина изгледа гротескно. Рокот бара енергија, а дедо не може да ја пружи. Затоа и умираат млади“.

Leave the first comment