181. Неизлечив студ
Студ обвил коски,
а угреало сонце.
182. Сопирање
Сопирам пламено
заборав на дело.
183. Гнездо
Под покривот на мојот дом
прави гнездо птица лекокрила.
184. Довик
Од висока гора слушам довик
на човек што ранил немошен елен.
185. Жени тажачки
Жени тажачки немеат над
мртво незнајно младо момче.