Потребно време за читање: < 1 минута

80. Силните етришта

И низ гратчето Прострел, како сите други сместени среде пустина, минуваат времиња и невремиња во сите годишни доба-топли, студени; жешки, мразни; ведри, облачни; светли, темни; мирни, бурни. Неговите жители се прилагодливи на нив, така што лесно се справуваат со секое, без никакво или со мало влијае на нивниот ритам на живот. Впрочем, тоа може да се претпостави, очекувано е кога поголемиот дел од деноноќието го минуваат подземи.

На луѓето во Прострел, без оглед на возраста и годините, најголем проблем им претставуваат силните ветришта. Тие се секогаш силни, во секое годишно доба. Се јавуваат наеднаш, наврапито, од која било страна на светот, и исчезнуваат мигум, како да не биле, не дувале, не минале, како да не фрлале и не вшмукувале сѐ што стоело пред нив, сѐ што им пркосело. А откако ќе минат, најнапред се бројат оние што ги нема, што ги снемало, што случајно се нашле надземи во повремените живеалишта, што совреме не се прибрале во постојаните подземи.

Прочитај и за ... >>  КУЌА ШТО МОЛЧИ, стихозбирка

Се разбира, како и секое друго гратче среде пустина и Прострел е опашано со високи и дебели камени бедеми. Но и тие пред нив ретко издржуваат. Силните ветрипшта ги пробиваат на многу места, прават во нив големи дупки, со пречник од пет-шест метри, кои по нив мора да се затвораат.

Едно силно ветриште низ Прострел ги раздели Љуба, нејзината самобитна сенка и Славен Источник, а друго Љуба и нејзиниот син Аврам. Во другото Самобитна сенка беше во свое време, во дружење со нејзини врснички. Обете се незаборавни во нивната живеачка.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here