ПРИРОДНА СОСТОЈБА

Потребно време за читање: < 1 минута

14. Гола немост

Не те оставам сама
ниту на сончева,
ниту на месечева
светлина
откога ми се прикажа
како гола немост
помеѓу наши два света
што тргнале
по една врвица
кон достоен опстој
сегашен и иден.

Што би правел јас
без тебе
ако ме навасаат
секавици
од срца и очи празни
пред каков било збор
да прозборам,
во каков било екот
или во нечиј восклик
да навлезам
единствен и стамен?

Секако ќе бидеме ние
и во јато птици
полетани кон незнаен
предел
во кој ќе нема кој
да нѐ снеможи
ниту на сончева
ниту на месечева
светлина.

Leave the first comment