Хеви металот (Heavy metal) е жанр на рок музиката кој се одликува со агресивен и жесток ритам, како и со мошне засилен и дисторзиран звук на гитара, најчесто со претенциозни текстови и виртуозна свиречка техника.
Heavy metal-от се појавил во 70-тите години на 20. век
Се појавил во 70-тите години на 20. век, а неговите корени ги наоѓаме во хард рокот (но и помалку комерцијален, поагресивен и често со побрзи ритми), помеѓу 1967. и 1974. година кој, пак, претставува мешавина на блузот и рокенролот. Од хеви металот подоцна еволуирале голем број поджанри.
Се карактеризира со звук во кој доминираат гитара, тапани, силни ритми и класични, блузерски или симфониски примеси. Гитарата е клучниот инструмент, а дисторзијата на гитарскиот звук се користи со цел да се создаде моќен, односно „тежок“ звук. Изобличениот звук е главно обележје на хеви металот. Нешто подоцна со него почнуваат да доминираат многу покомплексни соло делници и гитарски рифови.
Состав на групите
Хеви метал групите се составени најчесто од тапанар, басист, ритам гитарист, соло гитарист и пејач (кој не мора да свири на некој од инструментите). Во одделни жанри се користат и клавијатури. Други ги занемаруваат, но со појавата и развојот на нови поджанри клавијатурите стануваат се попопуларни.
Хеви метал гитаристите користат „svip-piking“, „taping“ и други усовршени техники на брзо свирење, така што кај многу поджанри виртуозноста ја потисна едноставноста. Исто така, како последица на брзиот технолошки развој се појавија многу нови начини на генерирање на вештачки гитарски звук.
Стил на пеење
Пејачите на „металот“ стилски значајно се разликуваат. Нивните способности се движат од мулти-октавни оперски вокали до намерно рапави. Во однос на живиот звук, гласноста често се смета за поважна од сè.
Во секој од поджанрите на хеви металот една или повеќе карактеристики изостануваат, па тие во помала или поголема мера се разликуваат од оригиналниот. Според „AllMusic. com“, „во мноштвото разни жанри и поджанри на рокенролот, единствено во хеви металот гласноста на звукот, „мачизмот“ и театралноста се доведени до крајнот“.
Карактеристично е дека во хеви металот се забележува некогаш и пренагласено влијание на класичната музика – вградување на делови од дела на барокни, романтичарски и модернистички копозитори, како што се Бах, Паганини, Вагнер, Бетовен, а во помала мера Моцарт и Хајнд. Експертите, а и некои хеви музичари, го потенцираат користењето на тритонот – дисонантен интервал кој се состои од основна нота и повишена четворка/снижена петка, на пр. C и F повишено, кои резултираат со „тежок“, „ѓаволски“ звук, така убедлив што се претпоставува дека во средновековната музика е нарекуван „Diabolus in Musica“ („ѓавол во музиката“). Овој провокативен тритон често го користеле романтичарските композитори и дефинитивно се одомаќи во блуз скалата (за разлика од пентатонската скала), а стана неизоставен елемент на „металската“ традиција и темел на неговите соло делници и рифови. Доцната барокна ера на западната музика била исто така често интерпретирана со користење на готски елементи.
Движења на телото, имиџ, стил
Постојат неколку движења на телото што се универзални во метал културата, вклучувајќи ги „нишањето-удирањето со глава“ (headbanging), „шуткањето“ (moshing или понекогаш pitting), како и разни гестикулации со рака- познатите „рогови на ѓаволот“ (со показалецот и малиот прст), скокање од бина во публиката, (stage diving), свирење на тн. „воздушна гитара“ (невидлива) и „сурфање“ по публиката.
Мошне важен аспект на хеви металот е визуелниот стил, односно имиџот. Во соработка со хеви метал музичари многумина уметници настојуваат со што поразновиден настап во јавноста да ја привлечат публиката и потенцијалните купувачи. Многумина сметаат дека хеви металот е еден од уметнички најсложените музички жанри, посложен од кој било друг уметнички правец. Додека уметничката слика се перцепира по визуелен пат, а симфонијата со сетилото за слух, имиџот на некој хеви метал состав и вообичаените теми за кои зборува нивната музика се изразуваат преку уметнички замислени обвивки на албумите, сценскиот настап, доминантното расположение во текстовите на песните и начинот на облекување на членовите на групата, како и, се разбира, музиката што ја изведуваат.
Теми на песните
Темите на темнината, злото, моќта и апокалипсата всушност се реакција на „мирот и љубовта“, на хипи културата од 1960-тите. Може да се каже дека хеви металот се развил како контракултура во која светлината се заменува со темнината, а среќниот крај на попот се заменува со голата реалност. Многумина критичари го обвинуваат жанрот за величење на негативните аспекти на реалноста. Историчарите на рок музиката се трудат да докажат дека хеви металот од западната поп музика ги презел елементите на ескапизмот, односно на бекството од стварноста што се огледа во футуристичките и фантастичните текстови на песните, додека од афроамериканскиот блуз ги прифатил пореалистичните елементи видливи низ инсистирање на загубата, депресивноста и осаменоста.
Акцентот е на војната, нуклеарното уништување, загадувањето на животната средина, како и на политичката и верска пропаганда. Тие понекогаш се премногу поедноставени поради фактот дека поетскиот речник на хеви металот е обично стеснет на дихотомијата светлина-темнина, надеж-безнадежност, добро-зло, што не остава баш премногу простор за нијанси.
Препород на хеви металот
Во средината на првата деценија на 21. век започнува препород на хеви металот, со групи чија музика е под силен наплив на музиката на пионерите на жанрот од 70-тите години- групите Лед цепелин, Блек сабат и Дип парпл. Во овие нови групи спаѓаат Волфмадер, Илуминати, Вичкрафт, Сорд, Вич и ирската група Ансар. Тие во последно време добиваат голем простор во списанијата за популарна музика. Но без оглед на тоа, андерграунд металот и натаму се развива и станува се попопуларен.
Можеби најуспешна нова група е онаа што изведува „вистински метал“-британската пауер метал група Драгон форс, а групата Чилдрен оф Бодор, инаку активна веќе цела деценија, исто така станува позната во светски размери.
Исто така, неколку повторни собирања на пионерски хеви метал групи додатно го подгреа интересирањето за класичниот метал. Повторното собирање на групата Блек сабат во 1997. година, на Ајрон мејден во 1999. и на Џудас прист во 2003., како и на некои други, го насочи вниманието на помладата публика кон постарите групи.
Металци
Луѓето што слушаат хеви метал музика се нарекуваат „металци“. Обично следат различни стилови и жанри, но главно се изјаснуваат за стиловите што се популарни. Тие се поделени на „позери“ и „вистински“.Обично го мразат целиот свет и се преокупирани со нивната музика, а мразењето на останатиот дел од младината е врз основната поделба -не слушаат музика слична на нив. Главно животот го поминуваат слушајќи музика, често изделувајќи се од општеството и декларирајќи се како несфатени.
Дел од нив се задржуваат на традиционално верување пренесено од нивните родители, како исламот или христијанството, но не е мал бројот на оние што отстапуваат од тоа, на пример „сатанистите“. Можат да се забележат и карактеристични знаци кај нив- 666 , пентаграми, графити итн.
Хеви металот и неговите поджанри
– Хеви металот (Лед Цепелин, Блек Сабат, Дип Парпл, Ајрон Мејден, Џудас прист, Халовен, Саксон) во потесна смисла настанал кон крајот на 70-тите и на почетокот од 80-тите години на минатиот век во Англија, под називот „нов бран на британскиот хеви метал“. Го карактеризираат мелодични гитарски звук и врескачки вокали;
– Пауер метал (Блајнд гардијан, Хамерфол, Драгонфорс) е за нијанса побрз и помелодичен од хеви металот, со малку потежок звук на ритам гитарите;
– Прогресивен метал (Дрим тијатер)- непарни ритми, сложени рифови и виртуозни соло делници;
– Треш метал (Металика, Мегадет, Слеер, Антракс, Сепултура, Содом, Криејтор, Пантера)- настанал на почетокот од 80-тите. Музиката е сурова, помалку се потпира на мелодијата, а повеќе на жестокоста. Чести се социјалните и бунтовничките теми;
– Спид метал (Хеловин, Ранинг Вајлд, Грејв Дигер)-тој е побрз од хеви металот, но ја задржува неговата мелодичност;
– Блек метал (Диму боргир, Импејлд назарин, Кредл оф Филт, Сатурејшен, Бурзум)-брз, тежок и мелодичен звук. Посебно е популарен во скандинавските земји. Стиховите на песните понекогаш имаат антихристијански пораки;
– Дет метал (Дет, Морбид ејнџел)-екстремно брутален звук и музичка виртуозност. Брутални вокали, текстови главно неразбирливи;
– Дум метал (Аморфис, Мај дајинг брајд, Анатема)-бавен, длабок и тежок звук со мелодики;
– Готик метал (Тијатер оф траџеди, Витин темптејшн)-настанал со симбиоза на готик културатра и металот. Бавен, длабок и мелодичен звик. Чести се високи женски вокали;
– Симфониски метал (Најтвиш, Хагард, Империја, Ливс Ајз)-сличен на готик металот, само помелодичен и попевлив;
– Њу метал (Корн, Слипнот, Линкин парк, Рејџ агејнст д машин, Лимп бизкит)-настанал под влијание на хард- корот и хип- хопот на металот. Тежок гитарски звук, испрекинат со ритми, вокалите се значително поразбирливи;
– Пост метал (Тул, Перфект сиркл)-мешавина на хеви метал и пост рок, со влијанија од слаџ металот;
– Грајнд кор (Напалм дет, Даинг фетус)-настанал со фузија на панкот и треш-дет металот. Екстремно брз, тежок и брутален звик и брутални, неразбирливи вокали;
– Индустриски метал (Министри, Рамштајн, KMFDM)-насатанал со фузија на металот и индустриската музика;
– Металкор (Kилсвич Ингејџ, Даркест Аур, Хетера)-настанал со фузија на хард-кор панкот и екстремниот метал;
– Слаџ метал (Мелвинс, Кроубар, Мастодон)-мешавина на дум металот и хардкор панкот;
– Стоунер метал (Ом, Квинс оф д стоун ејџ, Есид Кинг, Електрик Визард)-комбинира елементи на психоделичен рок, блуз рок, дум метал и традиционален хеви метал.
(Користени повеќе прилози на Интернет, како и музички енциклопеди)