Многу предрасуди едноставно ги прегази времето. На пример, веќе никој не верува дека мажите се попромискуитетни од жените или дека неверството одамна не е машка ексклузивност.
Меѓутоа, многумина мажи се убедени дека го имаат собрано сето знаење за тоа што им е најбитно на жените во сексот. А станува збор за недоволно битни и многу погрешни информации кои можат да доведат до грешки во „пресуден“ момент. До големи заблуди на мажите доаѓа и поради претераното потпирање на еротски филмови, кои не се верна слика на реалниот живот.
Што велат стручњаците?
Среќните парови постојано уживаат во добар секс
Сосема погрешно. Паровите кои се во долготрајни врски често запаѓаат во рутина. Тоа е нормална појава, па затоа е добро одвреме- навреме да се „зачини“ работата. Како? Најдобро е решението да и го препуштите на сопствената фантазија. Важно е тоа да не го доживувате како проблем, зашто рутината е неизбежна за секој кој дели заеднички живот.
Најдобар секс е спонтаниот
Не е вистина. Во спонтаниот секс има многу возбудување, но и испланиран секс донесува врвно задоволство. Како? Клучот е во планирањето. Кога го планирате сексот, непрестано размислувате за него, што секако придонесува за креирање на сексуалната атмосфера. Планираниот секс почнува да станува нешто што желно се очекува. Колку повеќе го одолговлекувате, уживањето ќе биде поголемо.
Мажите сакаат секс почесто од жените
Неточно. И жените сакаат секс, но во честото изразување на желбата ги спречуваат мноштво обврски. Освен работата, тие имаат и многу обврски околу домот, па знаат да бидат мошне исцрпени. Често се и под влијание на хормони кои предизвикуваат различни емоции. Затоа жените нема да ги молат мажите за секс, како што тие знаат да прават кога чувствуваат потреба од него. Се разбира, тоа не значи дека не им се води љубов, туку само не прават проблем од тоа.
Жените не сакаат порно филмови и еротски списанија
Всушност, вистината е спротивна иако повеќето жени тоа тешко ќе го признаат. Баш како и мажите, и жените главно ги возбудува погледот на голо тело и секси ација-во филмови или списанија. Тоа посебно важи во деновите кога овулираат и кога се порасположени за секс. За разлика од мажите, уживањето во порно содржини жените тешко го признаваат.
Мажите се секогаш подготвени за секс
Да, ако имаат 17 години и се наоѓаат во прва конкретна врска со девојка. Таквиот маж, односно момче, ќе биде подготвен за секс 24 часа дневно. Меѓутоа, како мажите стареат се менува и нивното либидо. Стануваат пофокусирани и на други животни аспекти, а не само на секс. Значи, мажите сепак не се сексуални машини.
Мажот знае точно што сакаат жените
Врз основа на поранешни искуства со партнерки, мажите често донесуваат заклучоци за тоа што сака жената и што бара во односот. Меѓутоа, мажите мора да бидат свесни дека не се сите жени исти и оти она што и годи на една не мора да и годи на друга жена.
Мажите сметаат дека поседуваат „се“ што им е потребно на жените
На некои жени им се неопходни најмалку 300 надразнувања во минута; а толку вибрации во никој случај не е можно да се остварат ниту орално, ниту мануелно. И покрај овој факт, мажите се уште мислат дека нешто не е в ред доколку на жената и е потребен вибратор. Затоа е мошне битно на вибраторот да се гледа како на помошно средство, зашто дури и ако тоа е единствен начин жената да доживее оргазам таа и натаму нема да се чувствува лошо, ниту да избегнува сексуални односи.
Мажите и жените доживуваат секс на ист начин
При сексуалниот однос чувството кое мажот го има при пенетрацијата е толку неверојатно што просто не е во можност да замисли неговата партнерка да не се чувствува сосема исто. Всушност, појаката пенетрација може да направи жената да се чувствува непријатно, или ако половиот орган е премногу голем чувството кое жената го има е слично на она до кое доаѓа при удар во стомак, со тоа што „ударот“ при сексуалниот однос е уште позачестен.
Припадниците на црната раса имаат поголеми пениси
Вистина е! Црнците се повисоки и посилни, па во согласност со тоа имаат и поголеми пениси. Едно истражување потврдило дека тие заслужено уживаат во стастусот на мажи со најголеми пениси. Патем, тоа покажало и дека најмали пениси имаат Азијците.
Извонреден љубовник сепак не може да задоволи секоја партнерка
Неточно. Многу е веројатно дека некој што знае многу за сексот и кој има многу искуство во такви активности ќе биде подобар в кревет одошто некој што нема искуство. Таквиот маж знае да задоволи жена.
Женската анатомија на мажите им е посилна страна
И покрај фактот дека речиси секој маж добро знае што е клиторис и како се доаѓа до него, тоа не значи дека и ја разбира во целост неговата улога во сексот. Поголемиот дел од машката популација се уште е убеден дека жената мора да доживее оргазам при секоја вагинална пенетрација, што е погрешно. Многу повеќе внимание треба да се обрне на чувствителноста на клиторисот и на техниките на допирање, за на партнерката да и се овозможи што поголемо уживање. Меѓутоа, допирот кој една жена го смета за блаженство на друга не и е ништо посебно, а за некои дури може да биде и болен. Треба да се има на ум дека одреден број жени најмногу ужива во индиректни стимуланси.
Мажот непогрешливо знае кога е жената возбудена
Мажите некогаш мислат дека жената недоволно се возбудила ако при односот пенетрацијата не оди мазно. Некои жени повеќе се возбудуваат од други, а тоа главно се огледа во зголемено лачење на телесна течност, која наедно служи и како природен лубрикант. Но, и тоа количество на природен лубрикант може да варира од ден на ден, што зависи од менструалниот циклус во кој се наоѓа жената, од лековите кои ги зема тогаш и од стресот кој е секогаш присутен.
Молчењето е злато
Многумина мажи мислат дека е подобро ако се тивки за време на сексуалниот однос. Меѓутоа, доколку на вашиот партнер не му дадете никаков знак, тој нема да знае дали тоа што го прави ве возбудува или ви пречи, или е дури сосема погрешно. Кај разни луѓе се разни чувствата, така што некој во текот на сексуалниот однос сака тишина, некој нежни зборови, некој малку послободни. Затоа е потребно партнерите да дознаат што е тоа што најмногу ги возбудува за обостраното уживање да биде што поголемо.
Маж кој изневерува не ја сака својата партнерка
Тоа и не е баш сосема точно. Имено, неколку истражувања покажале дека забавувањето „на страна“ за мажите е исклучиво секс без емоции. Неверството не значи дека мажот не ја сака својата партнерка, но дефинитивно значи дека не ја почитува.
Мажите се попромискуитетни од жените
Ова тврдење некогаш можеби било точно, но денес не е. Во нашево време жените воопшто не заостануваат зад мажите според бројот на партнери со кои спиеле. Истражувања покажале и дека жените почесто изневеруваат, па промискуитетното однесување веќе не е резервирано само за мажите.