28. Во игра

Потребно време за читање: < 1 минута

Играва што ја смислив
безгрижна
воопшто не е детинска,
ниту може да ја игра човек
во години неброени.

Всушност, ова не е игра,
туку единствен цел живот
собран во сал мој миг
на слободен лет
преку бездна,
од пуст, од нежив предел
до висока гора со до небо
извишени дрвја,
бистри извори и реки;
во кој нема ниту збор за,
нема ниту знак на,
нема ниту трага од
моја или нечија грижа
дека скоро ќе се сотре
и семе и корен на жизнен
здив;
во кој е сѐ согледано,
соживеано,
сѐ преживеано во мене.

Играва што не е игра
ќе ја играм
сѐ дури не потонам
во последна мисла
за човек доблестен.

Leave the first comment