Зборови од нашиот народен говор што ја прават нашата меѓусебна комуникација побогата, попрепознаена, позвучна, поплавна и повредна:
-обноски, обносување: однесување, владеење;
-песосува, песосан: станува пакосен, мошне злобен човек;
-плавно: течно, хармонично;
-на раздалек: на раздалечина;
-размир: размирица, раздор;
-сенкар, сенкари: безработник, безработници, денгубник, мрзелив човек.
Сознание за замисла:
Знаеш што, обноските со твоите колеги не ти чинат. Се обносуваш како да си самодоволен. Ете, забележувам дека дури се песосуваш, навистина во некои моменти стануваш песосан човек. Колегите веќе те држат на раздалек, како да се плашат од тебе. Зарем ќе си дозволиш размир со нив?
Инаку, се согласувам, имаш право. Во ова време ни се потребни работници, а не сенкари.