Дијамантите се формираат во период од милијарда и повеќе години, длабоко во земјината кора, на околу 150 км, а на површината се „истуркуваат” со вулкански процеси.
Повеќето дијаманти се најдени во вулкански карпи наречени кимберлити или во море каде што ги донесуваат реките, откако ќе избијат на површината.
Дијамантот е 58 пати потврд од следниот минерал на скалата на тврдост, корундот, од кој се прават рубини и сафири. Дури во 15. век е откриено дека дијамантот е можно да се сече единствено со друг дијамант.
Меѓутоа, иако е најтврд, дијамантот има совршена калавост во 4 насоки, така што ако го удрите со чекан тој ќе се искрши по плотната на калавоста.
Уште една занимливост е поврзана со дијамантот: ако во печка го загреете на 763 степени Целзиусови, тој едноставно ќе се разлее, не оставајќи зад себе никаква видлива трага во форма на пепел. Ќе се ослободи само малку јаглен (IV)- оксид.
Најголем дијамант на светот е Cullinan, најден во Јужноафриканската република, во 1905. година. Необработен тежел 3.106,75 карати. Бидејќи 1 дијамантски карат изнесува 200 милиграма дијамант, можеме да заклучиме дека каменот тежел 621 грам.
Cullinan е исечен во Great star of Africa, кој тежел 530,2 карата (106,04 грама), Lesser star of Africa од 317,4 карати (63,28 грама) и уште во 104 дијаманти со речиси совршена боја и јаснотија. Денес тие дијаманти се наоѓаат на британската круна и кралското жезло.
Cullinan бил 3 пати поголем од вториот најголем дијамант, Excelsior, кој исто така е најден во Јужноафриканската република.
Најголемиот обработен дијамант е исто така од Јужноафриканската република. Најден е во 1986. година и се вика Unnamed brown. Тежи 545 карати (109 грама) и е исечен од парче кое тежело 700 карати (140 грама). Меѓународен тим на специјалисти го обработувал ова ремек дело 3 полни години.
Уште еден импресивен дијамант, кој исто така е обработуван 3 години и е исто така дел од британската круна, е Centenary. Тежи 273,85 карати (54,71 грам) и тоа е најголем дијамант со совршена јаснотија (т.е, без примеси и пукнатини) на светот.
Не се сите дијаманти безбојни. Нечистотиите во дијамантот му ја одредуваат бојата, од сина, црвена, портокалова, жолта, до зелена или дури црна.
Најретки се зелените дијаманти, иако тие не се најретки драгоцени камења. Таа титула му се „доделува“ најчесто на црвениот рубин.
Земјината кора е всушност богата со дијаманти, на илјадници секоја година се ископуваат од рудниците. 80% не се погодни за изработка на накит, но дијамантите мошне често се користат во индустријата. Само дијаманти со висока чистотија и проѕирност доаѓаат во продавниците со накит.
Кон крајот на 19. век шкотскиот научник [I]James Ballantyne измешал литиум со масло од костен и парафин. Смесата ја излеал во железни цевки и ги загреал до црвена усвитеност. Тврдел дека како резултат на опитот добил дијаманти.
Но, не се здобил со доверба од останатите, па неговите камења се „одложени во фиоки“ и дури многу години подоцна е откриено дека се тоа навистина дијаманти, само синтетички.
Дијамантскиот карат се разликува од златниот карат. Златниот карат означува чистотија- 24-каратното злато е чисто злато. Дијамантскиот карат означува тежина и, како што е веќе речено, изнесува 200 милиграма.
Зборот „карат“ е изведен од „carob bean“ (семенка на рогушка). Дилерите со драгоцени камења вообичаено ги балансирале своите ваги со семенки на рогушка оти сите тие имаат иста тежина!