Пораки на Сенека

Сенека

Од „Писмата до пријателот” од римскиот филозоф и писател Луциј Анеј Сенека, роден во 4-тата година пред н.е. во Кордоба, умрел во 65-тата година во Рим. Претставник на римскиот стоицизам и еден од најголемите моралисти:

  • „Биди уверен дека работите стојат вака како што јас ти пишувам: еден дел од времето ни се отима, еден дел незабележано ни бега, а еден дел, пак, едноставно ни се оттргнува од раце”.
  • „Јас секако ќе ти ја признам својата слабост: никогаш не се враќам дома онаков каков што сум заминал”.
  • „Многу значи кога некој има во куќата богатство, а тоа него да не го расипе; голем е оној човек кој во богатството е сиромав”.
  • „Никој никогаш ништо не довршил, оти секогаш го одлагаме за иднината она што би морале да го направиме сега”.
  • „Маската треба да им се симне не само на луѓето, туку и на нештата, и да им се врати нивниот вистински изглед”.
  • „Лесен си, о болу, ако можеме да те поднесеме, краток си ако не можам да те поднесам”.
  • „Неубаво е да се зборува едно, а да се мисли друго; уште понеубаво е да се пишува едно, а да се мисли друго”.
  • „Храбриот и мудар човек не смее да бега од животот, туку мора од него да излезе”.
  • „Осамата секогаш ни советува само лоши дела”.
  • „Оти вистината треба да му се кажува само на оној што е подготвен да ја слуша”.
  • „Не може да живее среќно никој што гледа само на себе и кој сѐ свртува во своја корист: мораш да живееш за друг, ако сакаш да живееш за себе”.
За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.