Луѓето се единствени суштества на планетата, но и натаму е мистерија како сме дошле до овој степен на развој. Ви претставуваме неколку најголеми загатки за подемот на човекот.
Кои чекори биле први во неговата еволуција? Зошто сме напредувале во оваа, а не во некоја друга насока? Зошто сме останале единствен вид на хуманоиди?
Зошто сме добиле големи мозоци?
Нема сомнение дека големиот мозок му донел на човекот огромна предност во светот. Сепак, тој мозок е исклучително „скап“ орган, бидејќи зазема сенасе 2% маса, а користи повеќе од петина енергија на организмот.
До пред два милиона години ниеден наш предок немал поголем мозок од мајмунот, во споредба со големината на телото.
Како сме го добиле таквиот орган? Една можност е дека повисоката интелигенција им помагала на нашите претци да користат алати. Друга е дека големиот мозок ни помогнал подобро да комуницираме меѓусебно.
Можеби и радикалните промени во опкружувањето исто така барале од нашите претци да имаат подобри когнитивни способности.
Зошто луѓето одат на две нозе?
Нашите претци еволуирале во исправена положба многу време пред да добијат поголеми мозоци или да почнат да го користат каменото орудие.
Сепак, зошто се случило тоа? Се чини дека одењето на две нозе бара помалку енергија, одошто движењето на сите четири екстремитети. Исправеното држење можеби дури им помагало на некогашните луѓе да ја контролираат температурата на телото и да избегнат директно изложување на кожата на сонце.
Што се случило со нашето крзно?
Луѓето се прилично голиштари во однос на роднините мајмуни. Зошто не сме го задржале крзното?
Една можност е дека нашите претци се ослободиле од влакната за да се разладат во текот на преминот на врелите савани во Африка.
Уште една е дека ослободувањето од крзното ни помогнало во спречување на ширење на паразити и болести.
Една прилично радикална идеја сугерира дека човечката голотија е развиена непосредно по нашето прилагодување на вода и пливање, иако повеќето водени цицачи со приближна големина всушност поседуваат густо крзно.
Зошто се истребени нашите најблиски роднини?
Пред околу 24.000 години видот Homo sapiens не бил сам на светот- сме ги имале најблиските роднини Неандерталците. Исто така, видот наречен „hobit“, чии остатоци се пронајдени во Индонезија, исто така му припаѓал на родот Homo, а се чини дека опстојувал до пред 12.000 години.
Зошто исчезнале сите тие, а ние сме преживеале? Посттојат можности некоја инфекција или промена во опкружувањето да ги убила сите нивни припадници, но и шанса Homo sapiens да се пресметал со роднините и да ги истребил. Сепак, и натаму не постојат цврсти докази за ниедна хипотеза.
Дали човечката еволуција се забрзува?
Неодамнешни докази упатуваат на тоа дека човештвото не само што еволуира, туку и оти таа еволуција се забрзала и до сто пати во однос на нивото од времето на зачетокот на земјоделието.
Голем број научници не се согласуваат со таа хипотеза, но и натаму не постојат докази за ниедно тврдење. Сепак, ако е тоа вистина, се поставува прашањето зошто еволуцијата се забрзува?
Исхраната и болестите можеби влијаеле на тоа човекот забрзано да се менува.
Што е Hobit?
Дали „hobit“-ите, мали скелети откриени на индонезискиот остров Флорес, се всушност остатоци на истребен вид луѓе или се само примероци на деформирани Homo sapiens-и?
Дали е тоа, пак, различен вид како шимпанзата? Решавањето на оваа мистерија би можело да помогне во расветлувањето на мистеријата за човековата еволуција повеќе одошто кое било откритие порано.
Зошто модерните луѓе се преселиле од древната Африка?
Пред околу 50.000 години модерните луѓе ја напуштале Африка и ги колонизирале речиси сите континенти, доаѓајќи и до оддалечените острови во Паџификот.
Голем број научници сметаат дека оваа миграција е поврзана со мутациите кои го трансформирале мозокот на човекот и довеле до сложена употреба на јазикот и алатот.
Многу попопуларно становиште сугерира дека таквото однесување постоело и пред егзодусот, бидејќи бројот на единки на видот веќе достигнал доволен број за таков развој.
Дали сме имале секс со неандерталците?
Дали човечкиот вид се вкрстувал со „роднините“? Дали некои гени останале во нас од нашите истребени сродници?
Научниците сметаат дека Неандерталците можеби не ни изумреле, туку просто се апсорбирале во модерното човештво.
Кој бил првиот хоминид?
Научниците откриле многу хоминиди, но да се пронајде најстариот е мошне тешко.
Меѓутоа, таа задача е мошне важна зашто ќе помогне да се одговори на клучното прашање за човечката еволуција- кои адаптации не направиле луѓе и по кој редослед се случиле?
Од каде потекнуваат луѓето?
Најостри дебати на полето на општествените науки се водени поради несогласувања за тоа од каде потекнува човекот.
Хипотезата за Африка како прататковина на сите луѓе е најраширена, но постојат и тн. мултирегионални хипотези дека луѓето еволуирале од различни архаични видови хоминиди на разни краишта на светот.
(Преземено и преведено на македонски од: http://www.b92.net/)