Може ли да се мерат и измерат мудростите за сешто или само за нешто, па да се издели една што би можела да се нареди над другите? Која би била мерата, какво би било мерењето?
Некои го прават тоа, па изделената, без јасно покажана и докажана мера според која е измерена, ја назначуваат како појадровита од другите, помудра или потемелна, поопфатна, дури поубава, дури „златна” (не оти вреди, сјае, привлекува како златото, туку како од „златна уста” изречена).
Да, може да се прифати од многу мудрости на показ за едно нешто и да се издели една за истото или за друго, а притоа да не се бара мерата и мерењето. Можеби за да се запомни барем таа, ако не и другите, можеби сите заедно со неа. Како една од многуте.
А може да е најдобро неколку како едни од многуте, па нека си избира секој по свое.
На пример мудро речено за правдата од повеќемина во минатото и денес:
Убавата ќе те предаде, грдата нема да ти се допаѓа; сиромашната ќе те упропасти, а богатата со тебе ќе владее. Ете, избери што најлесно ќе поднесуваш.
Аристип
Вистинската правда е чиста совест.
Виктор Иго
Не може да има спогодба помеѓу злосторство и правда.
Жорж Клемансо
Правдата без моќ е немоќна; моќта без правда е тиранска.
Блез Пазскал
Во животот јавно или пред самиот себеси секогаш сум застапувал: дека ништо никому не му попуштам кога е во прашање правдата.
Сократ
Научете се на вагата на правдата да не го ставате товарот на своите страсти.
Франческо Доменико Гераци
Правда без моќ и моќ без правда е најголема несреќа.
Жозеф Жубер
Најстрашна работа на светот е правда без милосрдие.
Франсоа Мориак