Се вкоренила и се разгранила неговата рожба насекаде. Во плодна, во пустошна земја, на сите страни на светот. Негови деца, негови плодови, негови дела.
Најмногу од сѐ жали оти дури е жив нема да ги собере околу себе, крај неговото огниште во кое сѐ уште тлее жар. Ниту во смртен час.