85. Момчаци
Во селото „Посед“, со педесетина живи куќи и уште дваесетина мртви, запустени, има осуммина момчаци. Се збираат пред колонијалот на стариот Митар, пијат пиво до пред опијанување и муабетат за што било.
Најмногу си се жалат меѓусебно на момчаштвото. Веќе не веруваат дека скоро ќе го изживеат. Врзани се за работата на семејните поседи. Од рани зори до густ мрак.
Барем да се најде некој со женска челад за мажачка да купи куќа и имот во „Посед“. Од запустените.