43. Во рамновесје со сè
Нему тоа му е најпрвин
при прво и последно
постоење меѓу два света
во тишина во мрачнина
или од прзнина до полнота
за спокој сосе возбуда.
Убедува дека секогаш цели
конечно да биде
во рамновесје со сите живи
со мртви природи
еднакво негови на други
достижни блиски далечни
сеедно знајни или незнајни.
Никој и ништо не може
да го разниша рамновесјето
најпрвин во него па од него
најсетне за него до крај него.
Во рамновесје пред сè
меѓу два негови света.
44. Нажалени
Што ли толку нажалило
луѓе во ред на исчекување
како да се тие безнадежен
изгубени во време.
Чеекорите им се бавни
тешки
видливо е дека им е
кој од кој потежок
на стрмнава
бесцелна врвица.
Прашав неколцина
а само еден ми одговори
со шепот
дека загинал виден човек
што ги предводел
во многу борби.
Ако не загинел тој
ќе загинале сите луѓе
во редов нажалени.
45. Грижа
Не дочека оган
да му згрее снага
по долго беспатје
оставено зад него
и многу пробиви
низ пајажини
во мрачни шуми.
Најде огниште
камено пепелно
под облачно небо
запустено
крај мртва река.
Го пречека
самотен молк
му влезе в коски
му замрзна снага
му замрзна збор
неизречен.
Значи бездомник
во ново беспатје.
СЕКИДНЕВИЕ, Расположби, поезија/припеви








