33. Во река што зајдува на запад
Јас и ти во длабока студна вода
со нероден ветер во утроба мека;
нѐ горат зборој во него што бродат,
та полека тонеме во длабока сенка.
Огнени молњи ни параат очи
и воздиви страдни до навек без род;
во рожби збрани пронајдовме почин,
а денот со птица ни запеа во од.
Зајдува на запад матнава река без нас
зашто во корени екоти громовит глас.