24. Покрај сѐ

Потребно време за читање: < 1 минута

Откога се случи изгрев
едновремено
на сонце и месечина,
пред мене, во мене
едновремено,
се препознавам себеси
во сите игри
на чистата природа
на слободниот дух.

Но знам дека не ќе трае
долго
моето тело од години
снеможено;
веќе престана
да чекори исправено
кон последната
животна цел
што ја препознав
како зрак светлина
во зеница на око
севидливо, мраморно.

Во меѓувреме,
покрај сѐ друго
минато, а заборавно,
оставам своја трага
на долго, на неизмерно
справување
со сомнежи, премрежија,
возвишувања, сонувања
и изневери.

Leave the first comment