Tim Berners-Lee
Потребно време за читање: 3 минути

Пред 20 години еден текст придонесе за раѓање на World Wide Web сервисот на Интернет. Имено, во март 1989- та година Тим Бернерс- Ли (Tim Berners-Lee) на својот Mac на CERN институтот во Женева напиша еден предлог. Неговиот текст под наслов „Information Management: A Proposal“ важи за прв камен темелник за World Wide Web, иако на самиот почеток на него никој не обрнал внимание.

На крајот од месецот Тим Бернерс- Ли својот текст му го предал на својот шеф Мајк Сендал (Mike Sendall) кој на крајот од месецот барал од него своите идеи да ги стави на хартија за да може да се направи дигитална библиотека со сите текстови, а на која сите научници кои работеле за CERN или биле во контакт со институтот од целиот свет да можат да и пристапат и да ја користат. Сендал го прочитал текстот и го искоментирал „Vague, but exciting…“, за на крајот да го заборави.

Во мај 1990- та Бернерс- Ли со својата подобрена верзија на текстот, која директно му ја проследил на директорот Дејвид Вилијамс (David Williams), пак немал среќа. Текстот завршил во прашливиот архив на институтот CERN.

Прочитај и за ... >>  Смрт на слободниот Интернет

Во тоа време Бернерс- Ли веќе на големо собирал искуство од Enquire програмата која била напишана во Pascal, за да ги спои информациите од различни извори и истите да можат да бидат пронајдени. Во својата прва верзија на текстот го спомнал и Xanadu проектот од Тед Нелсон (Ted Nelson). Тој, пак, во тоа време едноставно немал доволно јак компјутер за да го испрограмира својот амбициозен концепт на линкови и активни повратни линкови.

RPC програмерот Бернерс- Ли со својата работа и истражување дошол до заклучок дека целиот концепт кој е направен врз база на постојана достапност на мрежата може да биде и мошне ранлив. Неговата програма, што е развиена на NeXT компјутер, првобитно требало да се вика Mesh ili Information Mesh, потоа MOI, одMine of Information, алтернативноThe Information Mine (TIM), за на крајот да го добие името„World Wide Web”, комплетно со ht кратенката од Hypertext за сите програми кои овозможувале употреба на WWW сервисот. Тие првобитно работеле на NeXT машините во CERN, кој во 1991- ва бил најголем Интернет јазол(Internet-Node) во Европа.

Работата на Бернерс- Ли на WWW проектот во CERN се разбира дека била хонорирана, но речиси никој не го гледал како систем кој ќе се користи, освен група на научници (“Scientific Community”). На самиот почеток Бернерс- Ли успеал да го придобие Белгијанецот Робер Кајо (Robert Caillau) за соработник, кој во тешките денови успевал да го турка проектот натаму.

Прочитај и за ... >>  Милениумска награда Линус Торвалдс

Програмерско- техничките проблеми, кои се јавувале благодарение на вештината и снаодливоста на Кајо биле решени, така што стасала и третата компонента во игра, без која денешниот WWW не би можел да тргне.

Без предлог текстот, првиотNeXT компјутер и на крајот без отворањето на важниот софтвер како што е libwww, WWW сервисот никогаш не би ја догледал светлината на денот.

„Иднината е мобилна”, изјавил на свеченоста по повод 20- годишнината Сер Тимоти Бренер- Ли (Sir Timothy Breners-Lee), изумителот на најраширената интернетска услуга World Wide Web.

Физичарот кој во хиперповрзувачите (линковите) и страниците на домаќинот видел дека Интернет може да се користи и како голем излог, самиот признава дека и него развојот на web- от малку го изненадува.

Денес токму од неговите визии, зашто е претседател на Конзорциумот на WWW кој управува со светскиот развој на таа услуга, зависи во која насока ќе се развива најмасовниот изум од крајот на 20- от век. Британецот во својата лабораторија на MIT во Америка развива тн. семантички web, нов чекор на интернетската услуга која спрема корисникот ќе има многу похумано лице и во разумен број на случаи ќе разбира алузии, импликации, па и двосмислици на мноштво светски јазици.

Прочитај и за ... >>  Автомобил со кој управува мозокот

Инаку, употребливоста на светската мрежа е споредлива со автомобилот: некогаш сопствениците морале да бидат инженери кои би можеле сами да го направат, потоа било доволно да се има дарба на механичар кој умее возилото сам да го поправи , а денес не е потребно да се знае ниту на која страна му е моторот. Иако го изумил темелот за сосема новата индустрија, која се развиваше со брзина никогаш забележана во историјата, тој со личните приходи ниту одблиску не им се приближил на интернетските милијардери. Вели дека не жали. Има најдобра работа на светот, ги задоволил сите свои потреби, како материјални, така и духовни, ги згрижил своите две деца. Од 2005- та ја носи втората највисока британска титула (Сер).

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here