Друштвеност-Дружба

Потребно време за читање: < 1 минута

Друштвеноста не е исто што и дружбата. Слични се, блиски, а може да се рече и едновремени. Притоа, друштвеноста е во човековата природа, суштина е на нејзината човечност и очовечување. Дружбата, пак, е суштина на заедништвото и единството.

Едно е да другаруваш со самост, според некои тоа е невозможно, како сам со себе, а сосем друго во свет во кој сè или нешто со нешто е во меѓусебна корелација.

Друштвеноста и дружбата не почиваат на меѓузависност, туку пред сè на слобода. Меѓу луѓе со индивидуалитет, на кои им се иманентни споделувањето и спомагањето.

Секој треба да цели кон друштвеност и дружење. За да опстои.

ТИВКИ КЛОКОТИ, рефлексивни искази, 187