10-те заповеди на кожата

Потребно време за читање: 2 минути

Дали знаете колку нега и треба на вашата кожа? Дали понекогаш сте помислиле колку е штетна или корисна целата онаа козметика и шминка која ја употребувате веднаш штом ќе станете?

Прочитајте ги следните факти и размислете што ќе направите уште денес за да имате здрава и убава кожа. Еве ги 10-те заповеди на кожата. Размислете дали ги почитувате нејзините потреби:

1. Заштитете ја од сонцето=користете креми со заштитен фактор и избегнувајте изложување на директна светлина помеѓу 10 и 16 часот;

2. Не пушете. Вашата кожа е вашиот најголем орган и му треба циркулација. Пушењето влијае многу на циркулацијата. Затоа кожата на пушачите изгледа старо и сиво. Наместо да имате крв полна со кислород која доаѓа до кожата, добивате отрови и оксиданти;

3. Овозможете си доволно одмор и храна за кожата;

4. Заштитете се од стрес – и емоционален и стрес кој доаѓа од средината во која живеете и работите;

5. Мијте го вашето лице двапати во денот и негувајте го со производи кои и одговараат на вашиот тип на кожа. Зачудена сум кога некои жени ќе ми кажат дека не го мијат лицето наутро. Многу работи се насобираат на него во текот на ноќта-мртви клетки од самата кожа, прљавштина и прашина!;

6. Немојте да запуштате одредени делови од кожата. И на лактите, петиците, вратот и деколтето им треба хидратација. Вашиот скалп и нозете исто така треба да бидат заштитени од сонцето;

7. Помалку допирајте го лицето и повеќе мијте ги рацете! Немојте премногу да „оперирате“ на лицето! Премногу е искушувачки да стоите пред огледало, да стискате бубулици и црнки и да правите разноразни слични активности. Но, колку повеќе ја трауматизирате кожата, толку е поголем ризикот да си направите лузни. Употребувајте производи кои ке ги решат ваквите проблеми и оставете ги да делуваат;

8. Чувајте ја шминката чиста. Заменете ги сунѓерчињата и четкичките од време на време. Од време на време заменете ја и шминката-козметичките производи, посебно шминката имаат рок на траење од 6 до 12 месеци. Не купувајте прескапи производи ако не ги употребувате редовно. Ќе ви биде криво кога ќе треба да ги фрлите;

9. Вежбајте умереност. Повеќе не е секогаш подобро. Навлажнувачите, на пример, се најкористените производи во Америка. Прелажани сме од козметичките компании, да мислиме дека секој милиметар од нашето тело треба да биде обилно мачкан со козметички средства. Но тоа не е вистина. Препаратите за ексфолијација се уште една работа со која треба да се биде внимателен. Ако се користат премногу често ја иритираат кожата;

10. Немојте да бидете како оние девојки кои секое утро поминуваат по два часа во купатило и го премеруваат секој сантиметар од своето лице. Направете го својот режимот на користење козметика едноставен. Кога додавате нов производ, додавајте го постепено, за да и дадете време на кожата да се прилагоди. Секој производ за нега на кожа или било која шминка, има во просек 20-40 состојки. Запомнете дека на кожата и претставувате 20-40 потенцијални алергенси секогаш кога ќе пробате некој нов козметички препарат.

Leave the first comment