fbpx Прескокни до главната содржина

Жив човек единствен

Внатрешни содржини

Никаде наоколу
близу и далеку
во пустелијава
нема друг жив
човек единствен.

Верувајте ми
оти сум јас тој
сеедно случаен
сеедно намерен.

Мене не ми е
никаков проблем
тоа
што сум јас жив
човек единствен
во пустелијава
ниту дека сум
последен.

Човек единствен
кој нема со кого
ни збор да скрши
ни молк да пресече
миг да сподели.

До кога он или јас.

Речиси сум сигурен
дека нема уште долго
по прв залез на сонце
или
пред последен изгрев
на морна тишина.

ВНАТРЕШНИ СОДРЖИНИ, Пустелија, поетска студија, 8

Важна напомена: Сите права се задржани. Не е дозволено било какво преземање на делови или цели содржини, ниту во оригинал ниту како извор и преработка за други содржини, без одобрение на авторот и/или издавачот (сопственикот) на овој портал. За секоја злоупотреба-непочитување и злоупотреба на правата, издаваме фактура со задолжителна финансиска обврска.
За авторот: Љупчо Димитровски

Долгогодишен радио и ТВ новинар, писател и медиумски уредник со повеќе од 40 години искуство во електронските медиуми. Автор е на над 150 книги и основач на порталот Panoptikum.mk, како продолжение на култната емисија „Паноптикум“, со силен фокус на комуникација и новинарство.

За повеќе написи од авторот кликни тука.