Потребно време за читање: 4 минути

Во синдромот на болна зграда болниот е зградата во која луѓето престојуваат, а нивните здравствени пречки се последица на состојбата на зградата.

Цела низа на хронични здравствени проблеми се јавува во зградите кои се градени и одржувани на несоодветен начин, а посебно во канцеларии со затворена микроклима.

Според дефиницијата на Светската здравствеба организација (СТО) синдромот на болна зграда (Sick Building Syndrome или скратено SBS) е состојба карактеризирана со иритации на слузницата, вегетативни пречки како што се главоболка и умор, а исто така и со нарушување на менталното здравје, депресија и иритираност. Тој термин се јавува во литературата од 1994-та година.

Со оглед дека SBS е главно испитуван во деловни, а не во станбени згради, се преклопува со низа хронични проблеми кои се врзани и за самото работно место во одредена зграда, но засега не се дефинира како професионална болест поради преголем спектар на симптоми.

Според некои истражувања, во САД околу 25 милиони службеници боледуваат од одреден облик на SBS во околу 1, 2 милиони службени згради. Врз основа на прашалник, во Велика Британија и Нов Зеланд е утврдено дека околу 80% работници имаат некој од симптомите, а 40% повеќето од симптомите на SBS во Италија се качуваат до 92,6%. Во Сингапур тоа учество изнесува 19,6%. Наведеното покажува дека симптомите на SBS се јавуваат во битно зголемен процент во зградите на земјите со постудена и повлажна клима, каде што многу почесто е присутна вештачка микроклима на зградите. Досега најмногу истражувања на SBS се спроведени во скандинавските земји.

SBS опфаќа цела низа со зградата поврзани фактори-физички, хемиски, биолошки и психолошки. Со други зборови, причините како и решенијата на состојбите задираат длабоко надвор од медицината; од градежништвото и архитектурата до ергономијата и организацијата на трудот.

Прочитај и за ... >>  Глупирање на вљубените

Физичи фактори– Како најчеста причина за пречки се наведува квалитетот на воздухот, директно поврзан со климатизацијата на просторот, која предизвикува сушење на слузницата на дишните патишта (кашлање и шмркање), а на очите солзење и црвенило. Во Италија е утврдено дека во климатизираните уреди 30% од вработените имаат очни пречки, во споредба со сенасе 15% во природно зрачени канцеларии. По преселувањето во подобро климатизирана зграда, во Франција кај вработените е забележан пад на зачестеноста на симптомот SBS за 40%-50%. Подобриот начин на климатизација не дава само здравствени учиноци: во Канада е забележана 11% поголема работна продуктивност во подобро климатизирани простори.

Во климатизираниот воздух најважни физички параметри се протокот, температурата и влажноста. Фактори на зградата од битно влијание врз здравјето се и формата и јачината на осветлување (природното е најдобро, неонското најлошо), снабденоста и квалитетот на водата за пиење, како и одводот на отпадните материи. Од посебна важност за чувство на угодност,а со тоа и за здравјето (и продуктивноста) на вработените е и нивото на бучава, како и нејзината природа и фреквенцијата.

Хемиски фактори– Во воздухот на деловната зграда како можни причини на симптомот SBS се наведени градежниот материјал, зголемената концентрација на CO2, бојата, килимите (како најлоши се покажале волнените!), како и формалдехидите во воздухот. Интересно е дека битно зголемен процент на пречки кои можат да се наредат во SBS имале лицата во секојдневниот контакт со фотокопир и хартија за копирање. Пријавени се почести пречки во вид на иритација на носот, очите, кожата на рацете, кивање, кашлање, синуитис и бронхитис, како и чести главоболки.

Прочитај и за ... >>  Штедливи сијалици? Не, благодарам!

Биолошки фактори– И пак климатизираниот воздух најчесто се обвинува за биолошкото загадување на просторот во внатрешноста на зградите. Може да биде загаден со бактерии (Legionella), габички (најчесто од родот Penicillium). Тие микроогранизми влијаат врз здравјето со појава на инфекција или, што е многу почесто, со предизвикување на алергиски реакции. Во едно истражување во училишта во Шведска е утврдено дека само 45% ученици немаат наклонетост кон никакви алергиски манифестации.

Психолошки фактори– Тие се всушност учинок на се наведено на менталното здравје на станарите или службениците. Од симптомите кои спаѓаат во неоргански, најчесто се наведуваат летаргиите, депресиите, раздразливоста и главоболката. Во Италија, освен сушење на очите, главоболката била наведена како најчест симптом во рамките на SBS, а тензиска главоболка навеле 27% од службениците. Интересно е дека практично сите истражувања на синдромот на болна зграда наведуваат дека жените почесто наведуваат симптоми на SBS, и тоа од САД до Кина. За причините засега само се претпоставува: дали жените се почувствителни не негативните влијанија на средината или едноставно се поподготвени да изразат некоја своја тегобност. Исто така, не е за отфрлање ниту потенцијалната причина дека жените работат во полоши услови, па затоа имаат и повеќе пречки поврзани со SBS.

За решението:

Како што самото име кажува, во синдромот на болна зграда болниот е зградата во која луѓето престојуваат, а нивните пречки се последица на нејзината состојба. Со лечење на пречките на станарите не се отстранува главната причина. Единствено вистинско решение е промената во самата зграда во која се престојува: воздухот, светлината, водата, распоредот на просториите и работниот простор, сите тие мораат да се прилагодат на човекот. Во случај тоа да не е возможно, преселба во подобро организирана зграда е единствено и трајно решение. Иако од симптомот SBS никој директно не умира, кумулативните учиноци можат и тоа како да го нарушат здравјето на поединецот, на заедницата, а и битно да ја намалат продуктивноста.

Прочитај и за ... >>  Стручно за употребата на гипсот во ентериерот

Некои решенија можат делумно да помогнат. На пример, со користење на екран на сметачот со ниска рефлексија и негово поставување на правилна висина, може барем делумно да се намалат пречките на очите. Правилно одредената диоптрија го намалува напорот на очите, а квалитетниот воздух, кој е доволно влажен и без алергени честички, нема да предизвикува толку често чувство на жарење и печење во очите, инаку предизвикано од прекумерно исушување на површината на очите, како и со алергиска реакција на сврзницата.

Иако елементите на SBS не се никаква новост за медицината. без оглед што се дефинира врз основа на надворешни фактори, а не на состојбата на болниот, може да се заклучи дека од практични причини, но и поради упадливата меѓусебна поврзаност на симптомите, заслужува внимание. Поради многу нешта неприродниот модерен начин на живот во канцелариите и облакодерите, во кои во развиениот свет живеат милиони луѓе, со мало поместување во дефинирањето на вистинската причина за тегобите може многу да се поправи нивниот квалитет на животот, но и здравјето во целина на долги патеки.

Е, по прочитувањето- пренесувањето на овој текст од Интернет, неодминливо е прашањето: дали воопшшто нешто, што било е правено кај нас на овој план, дали се знае каква е состојбата со „болните згради“ и е преземено/ се презема ли нешто на ово план?

Ќе има ли некој комптентен и стручен да одговори?

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here