Потребно време за читање: < 1 минути

„Не смеете да влегувате и да работите тука“.

Овој одговор го добиваат приватните каменоресци кога бараат дозвола за работа на гробиштата. Деновиве каменорезецот Муратовски Мурат, кој работи долги години и има лиценца, по којзнае кој пат на влезот од градските гробишта се соочил со ѕид.

„Тие тој монопол го држат на тие готови споменици, типски што ги викаме ние. Тие ќе ги направат, ги уценуваат и странките кога ќе дојдат за закопи, не смееме на нивните да работиме“, рече тој.

АД „Бутел“ веќе плаќа парични казни за злоупотреба на монополската положба и условување на граѓаните да ги користат само нивните услуги. Но и покрај тоа, велат каменоресците, продолжува со злоупотребата не дозволувајќи им да градат надгробни споменици и да си ја вршат работата.

Генералниот директор на АД „Бутел“ Илија Филиповски, пак, не сакаше да одговори пред камера (на А1 ТВ-заб.м.), но ги обвини каменоресците дека зборуваат лаги, тврдејќи дека најголем дел од спомениците ги изработувале тие, а за фирмата „Бутел-споменици“ останувало многу малку. Им се закани дека со новиот Закон за гробишта уште потешко ќе добиваат лиценца за работа.

Прочитај и за ... >>  Блокади без ефект, но со долгорочна цел

Занаетчиската комора испрати барање до Комисијата за заштита на конкуренцијата да го казни АД „Бутел“ за злоупотребите.

„На странките им се давало во АД „Бутел“ да потпишат изјава со која, освен тоа што изјавуваат дека ќе ги сносат погребните трошоци за починатиот, стои дека бараат да им се изгради и надгробен споменик“, вели Валентина Николова, Комисија за заштита на конкуренцијата.

Каменоресците ќе се борат докрај. Според нив, неправедно е сопственик на земјиштето на гробишта да е градот, а со него да раководи АД „Бутел“ и да им ги празни џебовите на граѓаните. Веруваат дека со новиот закон ќе се сменат многу работи.

Претходен написНадежите на Македонците во ЕУ
Следен написИ Полска недостижна со вработувањето

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here